Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Покренато обвинение против гинеколог од Тетово за смрт на родилка

2
By Менче Атанасова Точи on February 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 25, 2016 16:27

Основното јавно обвинителство од Тетово поднесе обвинение против гинеколог К. К. за сторено кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. Гинекологот се товари дека не извршил операција со која можел да го спаси животот на родилката Виолета Кировска, туку тоа го направил со задоцнување кога таа била во критична состојба поради искрварување. По ова таа е префрлена на скопските клиники каде по неколку дена починала.

Обвинителството бара на гинекологот да му се забрани да работи како лекар.

Поднесеното обвинение против лекарот гинеколог од Клиничката болница од Тетово го товари за несовесно постапување при пружање лекарска помош, поради што е предизвикана смрт на 33 годишната родилка која почина од нестручно изведено породување во тетовската болница.

„Гинекологот во август минатата година, при вршење на царски рез врз пациентка, обвинетото лице не ги превзело сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици, а кои во конкретниот случај биле многу веројатни. Имено, гинекологот по настанато крварење не извршил веднаш медицинска интервенција со која можел да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок, туку интервенцијата ја извршил со задоцнување кога веќе било извесно дека здравствената состојба на пациентката е сериозно нарушена“, информираат од обвинителството.

Поради задоцнетото реагирање, Кировска западнала во кома. Во таква состојба била префрлена во Клинички центар во Скопје, каде и починала.

Откако се собрани сите материјални и вербални докази, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово го поднесе обвинението, а истовремено му предложи на судот на обвинетиот да му изрече и споредна казна, Забрана за вршење професија, односно да работи како лекар, потврдуваат од Обвинителството во Тетово.

Сестрата на починатата родилка, Силвана Ѓорѓиевска за НОВА вели дека се задоволни од досегашниот тек на истрагата, сметаат дека обвинителството добро си ја завршило својата работа.

„Задоволни сме како обвинителството ја водеше постапката, сега останува судот да си ја заврши својата работа и гинекологот да ја добие највисоката можна казна бидејќи ова не му е прв случај на лекарска грешка. Се надевам дека правдата ќе се истера до крај“, изјавио за НОВА, Ѓорѓиовска.

Случајот во септември минатата година го отвори НОВА, две недели по смртта на младата жена.

Ноќта меѓу 19 и 20 август на одделението за гинекологија во болницата во Тетово се случувала вистинска драма. Породувањето со царски рез започнало во 21 часот и траело до полноќ, но поради обилно крварење и компликации во 3 часот изутрината била направена уште една операција. 

Поради лошата здравствена состојба во која западнала, таа била префрлена на скопските клиники на КАРИЛ, каде во 8 часот изутрина била повторно оперирана. 

Родилката починала по неколку дена поминати на апарати за дишење на одделението за интензивна нега. 

„Ни кажаа дека настанало тешко оштетување на мозокот поради обилното крварење и недостаток на крв во мозокот, објаснуваа тогаш за НОВА од семјството на починатата родилка.

Хирургот кој што ја извршил последната операција во Скопје, не сакаше да го коментира случајот, најавувајќи дека ќе има судски епилог. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.