Поранешната пратеничка, Силвана Бонева, ќе заврши на суд за измама со патните трошоци.
Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против неа, во кое ја обвинува дека со измама зела над 100 илјади евра за патарини. Станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“, за кој истражната постапка ја водеше СЈО.