Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Покриј се несреќо македонска и … И читајте полека, читајте двајцата на глас … Има уште …

0
By Zoran Ivanov on February 12, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 12, 2026 12:44

А ти, Никола, прво, не си слободен за слободно да се изјаснуваш. Ти си осуден правосилно, и треба таков третман да ти даваат сите од здравото ткиво овде, посебно од новинарското, (да не те рецкаат), затоа што ако беше мудоња, како што се правиш од Будим, овде ќе ги презентираше твоите и ќе ги демантираше доказите на СЈО, како оној во воведниот текст на статусов, и ќе се бореше, и ќе ги прифатеше сите обвиненија против Миле, Гордана и останати како твои, затоа што … сите се …

Срамот за тебе е непозната категорија на човечко чувство, затоа што ако барем малку го имаше, ќе се покриеше во луксузот во Будимпешта реализиран со украдени стотици милиони …

Борче Трајковски

Зима, јануари 2017, Петровец. Некаде на јужната периферија на селото, на последната крстосница, на аголот, куќарка. Типична селска куќарка. Од далеку делува напуштена. Оградата на повеќе места падната. Дрвените колци, кои, со тек на времето не го издржале налетот на ветриштата, маглите и дождовите, паднале заедно со мрежата. Тогаш го запреле времето. Портата искривена. Мораш да ја подигнеш едната страна за да ја повлечеш, да ја подотвориш за да влезеш внатре во дворот. Таму, неколку кокошки шетаат. Петелот го пробива снегот со клунот како катерпиларите што ја кљукаа “Беко“ за да ја срушат од горе, да најде зрнце пченица во него. Пред влезната врата на трошната куќичка, стреа. Под неа растурени папучи и калливи патики без врвки. Една патика гледа кон вратата друга кон излезот. Тропнав на едното од четирите замаглени стакленца кои го обележуваа горниот дел од влезната врата. Излезе старец. Добар ден, рече. Добар ден господине, реков, и се претставив. Јас сум тој и тој од Специјалното јавно обвинителство, го барам господинот тој и тој. Јас сум тој, а од каде рече дека си, со навлажнети очи ме погледна, па иако од прва ме разбра, праша уште еднаш. Повторив и му реков дека треба да се јави на тој датум затоа што е повикан како сведок. Зошто, повторно ме праша. Сте донирале пари за избори на политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, така пишува овде, му реков. Тогаш, од влажните очи на старецот (кој, патем беше помлад од мене), потекоа солзи. Кои пари бе човек? Какви пари? Види, покажа кон дворот и трите кокошки и продолжи со интонација на беспомошник напуштен од светот, ако не ми снесат јајце немам што да јадам, а ти ми велиш дека сум донирал пари за политичка партија? Што сакаш да ти кажам? Што да им кажам на тие таму кај тебе? Ова ќе го кажете, ништо повеќе, му реков. Да, тоа ќе го кажам и сакам да го кажам, самоуверено ми рече бришејќи ги солзите со ракавот од издупчениот џемпер, и повторуваше, ќе кажам, тоа ќе го кажам, срам да им е а за нив гласав. Само една молба имам, човече, ќе може ли да ме земеш тој ден и да ме вратиш, немам како да дојдам до Скопје. Секако, му реков, и пред да ми насолзат очите се завртев и забрзано зашлапав низ снегот да дојдам поскоро до возилото пред влезната порта…

П.С. Ова е само еден од стотиците примери на службените белешки на специјалниот доставувач во СЈО, за предметот Талир на Ленче, преку кои се гледа како и преку кои луѓе ти Груевски си финансирал изборна кампања, за сега, замисли, да те читаме како го нарекуваш СЈО криминално дувло. Е мој Никола, бедо македонска. Сите кои и понатаму те подржуваат, се арамии и интересџии, или најобични глупсони. Бљак…

Срамот за тебе е непозната категорија на човечко чувство, затоа што ако барем малку го имаше, ќе се покриеше во луксузот во Будимпешта реализиран со украдени стотици милиони евра од Македонија, и ќе молчеше. Барем малку да имаше срам ќе молчеше. Се јавуваш со статуси на ФБ со текстови кои во трета децимала соодвествуваат со твојот режим, со твојот начин на владеење, па се жалиш за политички прогон наседнувајќи на идиотските сведочења на познатата корумпирна апашка поранешна обвинителка Лејла Кадриу, и го обвинуваш СЈО за некакво си талибанско судство. Ало Франкфурт! Што сакаш да постигнеш кај здравиот разум во Македонија? Да ги заборави “шамарите“ кои директно ги нарачуваш а воедно и носеше обвинение за тој што ќе исшамара дека нема да одговара кривично? Тоа ли се обидуваш да го избришеш од мемориите на здравиот разум во државава? Или можеби оние разговори за “Тенкот“ со фул опрема, да, да, нека биде фул за да имаат девојчињата што да гледаат додека ги возат во него? Да заборавиме на “џабалак“ плацеви на падините на Водно, да заборавиме на “му течеше низ ногавици“ или на “да не е многу бе Миле?“. Тоа ли се обидуваш да му го наметнеш преку твоите статуси од пиќке си материне? Сечени, лепени, креирани судски обвиненија и пресуди, а истовремено без трошка срам забораваш како ти и твојот режим, апсевте, притваравте, рушевте телевизии, недолжни бремени жени во притвор, новинари, неистомисленици, политички противници…

Загушуваше фирми кои му конкурираа на Мијалков и твојата компанија, со Камчев буквално го доизразграбавте тоа што малку вредеше а беше останато, и без око да ви трепне сите кои ти се противставија ги осуди на долгогодишни затворски казни без никакви релевантни, издржани докази, па за истите државата повторно ќе плаќа обесштетувања после Стразбур. Ти ли бе Никола, сега бараш оправдание за процесите кои се водат против тебе? Твоите приказни поминуваат кај “попрсканите“ со античкиот македонизам, кај крлежите кои за сендвич и сладолед се’ уште се под дејство на хемикалијата на најлажниот патриотизам демонстриран преку тебе, и ти лајкуваат, а други платени идиоти каобожемскли новинарски бардови те споделуваат во името на демократското право на слободно изјаснување…

А ти, Никола, прво, не си слободен за слободно да се изјаснуваш. Ти си осуден правосилно, и треба таков третман да ти даваат сите од здравото ткиво овде, посебно од новинарското, (да не те рецкаат), затоа што ако беше мудоња, како што се правиш од Будим, овде ќе ги презентираше твоите и ќе ги демантираше доказите на СЈО, како оној во воведниот текст на статусов, и ќе се бореше, и ќе ги прифатеше сите обвиненија против Миле, Гордана и останати како твои, затоа што сите се однесувале според твоите наредби, и ќе ги ослободеше од обвиненија, и во најмала рака, сега ќе дремеше во некоја келија во Идризово и ќе пишуваше мемоари во стилот на “Мај Кампф“, ама како прав вморовец, како саможртва, како егејски Гемиџија, а не у багажник да ги оставаш на цедило сите, и оние од 27 април и сите други кои се влечкаат секојдневно и киснат по судови и затвори. Сите овие дела за кои се гонат твои соработници се дела сторени во времето кога ТИ, “патриоту“ беше на врвот од власта. Замисли, прав патриот и прав колега, сопартиец, лојален и карактерен, цврст, како капетан на брод кој тоне ќе ги превземеше сите нивни дела во кои апла беше фатен, и барем ќе им олеснеше пред “талибанскиот“ суд на СЈО, мизеријо коркачка. Те тетовираа бе на груди, на рамења и грбови. А ти сите ги заеба, ама баш ги заеба, патриотски. И без срам се јавуваш со статуси од пиќке си материне…

Имаш среќа што успеа да киднеш, иако во тоа твое коркачко дело се’ уште не е докажано кој ти помогнал, ама и тоа ќе се разјасни. Кај и да е. И ти наоѓаш да и’ се обраќаш на македонската јавност, дека ќе се вратиш? Врати се за наивните, ги има уште, за мене и да си тука ко да не си… Ајде бе… Покриј се несреќо македонска …

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

Борче Трајковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

ВЕСТИ May 20, 2026

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот…

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.