Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата разби криминален синџир на шверц со цигари

0
By Нова ТВ on June 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 25, 2013 14:00


Седумнаесет лица денеска се изведени пред истражен судија, а против нив е поднесена кривична пријава за криумчарење цигари од Македонија во Бугарија. Меѓу пријавените е и еден полициски службеник вработен во граничната полиција. Тројца од осомничените не и биле достапни на полицијата.

– Утрово заедно со кривичната пријава и обезбедениот доказен материјал, 17 лица кои се дел од дваесетчлената организирана криминална група инволвирана во криумчарење на цигари беа изведени пред истражен судија, изјави на прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Тројца од осомничените вчера не и биле достапни на полицијата и против нив ќе се преземат дополнителни мерки за пронаоѓање.

Криминалната група, како што рече Јанкуловска, е составена од 19 македонски и еден бугарски државјанин, и се товари дека во периодот од септември 2010 до септември 2011 организирала вкупно 12 нелегални транспорти на цигари од Република Македонија кон Република Бугарија.

Акцијата беше реализирана во Скопје, Тетово и повеќе други градови низ источна Македонија и притоа беа приведени и организаторите и членовите на групата, која според Јанкуловска, била добро структуирана.

Полицијата вчера извршила претрес и во куќите на сега уапсените и осомничени за кривично дело криумчарење. Според МВР, биле пронајдени три пакети рефус цигари, неколку килограми марихуана, 100 пакети енергетски пијалак, нелегално внесен од Косово, над 15.000 евра, 341 штеки цигари без акцизни маркички, 3.983 македонски акцизни маркички за кои се претпоставува дека се фалсификувани и едно патничко моторно возило, користено за вршење на кривичните дела. Во еден хангар полицијата пронашла и импровизирана машина за пакување цигари. 

Од 2006 година наваму, откриени се преку 600 кривични дела од оваа област за кои биле пријавени над 770 сторители. Во полициските акции биле запленети приближно 22,5 тони дробен тутун, 25 тони различни цигари и над 330.000 штеки цигари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.