Published: Friday, December 13, 2013 14:14
Група од петнаесетина Албанци повторно се обиде да го оштети споменикот на Цар Душан на Мостот на цивилизациите во центарот на Скопје. Полицијата спречи еден од нив, кој имаше чекан во рацете да се доближи до споменикот, објавува Прес 24.
По најавите на социјалните мрежи дека по петочната молитва група Албанци ќе протестира во центарот на Скопје, полицијата превентивно цел ден беше распоредена во центарот на Градот и околу Министерството за надворешни работи.
Според неофицијалните информации кои ги пренесоа некои медиуми, најверојатно протестот кој се најавуваше за денеска, ќе се одржи следниот петок.




