Published: Saturday, November 9, 2013 14:47
Полицијата сеуште трага по возилото на заменик директорот на Агенцијата за разузнавање.
Полицијата веќе има осомничени но, детали за истрагата не се соопштуваат. Инцидентот се случил вчера во близина на гробиштата во правец на селото Сингеќ.
Првенство во минување било причина за инцидентот, по што возачот на другиот автомобил кој сметал дека возилото пред него се движи бавно испукал неколку куршуми.
Повредени нема, ниту пак е оштетено возилото на заменик директорот на Агенцијата за разузнавање.




