Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата во цензорска акција – втор дел!

0
By Борјан Јовановски on September 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 13, 2013 15:46

НОВА вчера се обрати до Здружението на новинарите на Македонија со информација за немилиот настан кога полицијата ја принуди нашата екипа да го избрише видео материјалот снимен пред паркот кај Бристол.

Воедно за овој настан изготвивме и анализа.

>>АНАЛИЗА: Полицијата во цензорска акци

ЗНМ повратно не информираше дека се обратиле во МВР со барање за појаснување на околностите под кој се случило полицијата да бара ТВ екипа да го избрише снимениот материјал и дека од таму добиле одговор потпишан од портпаролот на ова министерство, Иво Котевски. Во одговорот Котевски вели:

„МВР постапувало и ќе постапува согласно „Упатсвото за комуникација со јавноста“ изготвено јули 2007 година, кое беше изработено во соработка со ОБСЕ и Амбасадата на Кралството Велика Британија, опфаќајќи ги најдобрите меѓународни стандарди и практики.

– Впрочем Членот 14 вели дека „Во одредени случаи Полицијата има право да го контролира пристапот на медиумите на определен простор, односно определено подрачје. Доколку околностите на ситуацијата тоа го налагаат, Полицијата може да забрани пристап на медиумите на определен простор, односно определено подрачје“ се вели во одговорот на Котевски упатен до ЗНМ.

Не сме информирани дали ЗНМ побарало дополнително објаснување но она што го знаеме е дека случајно или намерно портпаролот Котевски повикувајќи се на Упатството за комуникации со јавноста на полицијата заборавил да го допише членот 14 од истото тоа Упатство во кое точно се укажува во кои случаи може да се ограничи и забрани пристап на медиумите.

Ако заборавил, еве да го потсетиме што се вели во овој член од упатството:

Доколку околностите на ситуацијата тоа го налагаат, Полицијата може да забрани пристап на медиумите на определен простор, односно определено подрачје, и тоа:

– простор обележан со полициска лента на местото на извршување на кривично дело;
– локации на пожари од поголеми размери, природни катастрофи и елементарни непогоди;
– посети на делегации;
– јавни настани за кои се неопходни зајакнати мерки за безбедност и
– други ситуации кои може да го загрозат текот на истрагата, односно јавната безбедност.

Со оглед на тоа дека екипата на НОВА не била на локација пропишана со овој член уште еднаш јавно го поставуваме прашањето зошто ни беше наложено да го избришеме снимениот материјал.

И најважното од убаво изработеното Упатство на кое се повикува Котесвки – Член 20:

Полицијата не смее да одземе професионална опрема или материјали на новинарите, доколку за тоа не биде обезбеден судски налог, односно доколку не постои основано сомневање за повреда на законски прописи од страна на новинарите.

Котевски својот одговор до ЗНМ го завршува вака:

Се надеваме дека наводите за „немил настан“ не се обид за злонамерна манипулација, бидејќи ќе повториме дека до Секторот за односи со јавност не стигнало никакво барање за снимање на локацијата на која што полицијата утринава согласно законските прописи и ингеренции пружаше асистенција и ја обезбедува истата додека не се создадат условите корисникот на земјиштето да ги оствари своите законски права, вели Котевски.

За немил настан во наводници и манипулација, немаме коментари. Но за барањето за снимање имаме прашање:

Дали ТВ екипите треба секојдневно да доставуваат барања за снимање низ градот со оглед на тоа што полицајците ги има на секаде!?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.