Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичка игра со домино ефект

0
By Zoran Ivanov on February 17, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 17, 2026 10:07

Образованието на албански јазик не смее да се третира како „подарок“ или компромис кој се одложува, туку како фундаментален столб на мирот, кохезијата и граѓанската интеграција. Подзаконски акт, имплементиран веднаш, согласно словото на постојниот Закон за употреба на јазиците, со веќе добиено мислење од Венецијанската комисија и со активно учество на локалните заедници, е најлогичното и најефикасно решение.

Жанета Ќосе

Правото на образование на мајчин јазик е едно од клучните мерила за стабилноста и кохезијата на мултиетничките општества. Во нашата држава, манипулативната одложувачка и политичка игра околу дооформувањето на образованието на албански јазик укажува на системски проблем – сегашната власт често ја користи манипулацијата и префрлањето на вината на претходната власт како замена за храброст и одлучност. Меѓутоа, принципите на еднаквост и недискриминација, како што ги нагласуваат и Аренд Лијпхарт и Хоровиц, бараат активен пристап преку функционални институции кои овозможуваат ефективно учество на малцинствата и заштита на нивниот културен и јазичен идентитет. Доколку тоа се одолговлекува, не само што се крши основното право на образование, туку се создава и ризик од нови тензии и конфликти.

Историјата на нашиот регион јасно потсетува на ова. Етнополитичкиот конфликт од 2001 година и Охридскиот рамковен договор покажаа дека оставените нерешени прашања на малцинствата можат да произведат домино ефект, да ги радикализираат групните идентитети и да ја доведат државата до кризна точка. Долгорочно, не е доволно да се нуди формална декларација за права, туку потребна е институционална, правно издржана и политички храбра реализација на овие права, вклучително и преку подзаконски акти кои го овозможуваат користењето на мајчиниот јазик во образованието. Албанскиот јазик е жив, динамичен и широко користен, за разлика од примерот на Ладино во Јужен Тирол, каде што Италијанците се обидоа да го сочуваат јазикот што изумира со поддршка на локални образовни институции и со правото на наставата на мајчин јазик. Овој пример јасно покажува дека политичката решителност и дијалогот со заедниците можат да создадат механизми за заштита на културниот идентитет без да се компромитира интегритетот на државата.

Моделите на Лијпхарт и Доналд Хоровиц нудат корисни рамки за разбирање и имплементација на овие права. Лијпхарт ја нагласува важноста на консоцијалната демократија, која што овозможува пропорционална застапеност на малцинствата и нивна заштита. Хоровиц, од друга страна, предупредува на потребата од умерена автономија и афирмативни мерки, вклучително и во образованието, за да се избегне радикализација и дезинтеграција. Во нашиот контекст, тоа значи дека секој обид да се одолговлекува или да се создава административна нејасност само ја продлабочува недовербата и го одложува градењето на вистински мултикултурно општество.

Венецијанската комисија веќе се изјасни дека меѓуетничките прашања не треба да се решаваат со одолговлекување или политичка манипулација, туку со транспарентен, дијалошки процес кој ја гарантира еднаквоста и правото на образование. Власта нема оправдување да креира нов закон или да го преместува одговорот на претходната власт – потребна е одлучност, подготвеност за компромис и визија за држава како мозаик од култури и различности, наместо монолитна формација на власт.

Правото на образование на мајчин јазик не е само прашање на формална правна гаранција, туку и на практична примена во училиштата, програмите, наставните планови и ресурсите. Тоа е клучен механизам за создавање на граѓанска нација, како во интегративниот модел, но истовремено и за зачувување на културниот идентитет, како во консоцијалниот пристап. Доколку образованието се третира како инструмент на политичка игра или одложување, ризикот е повторување на минатото, каде што нерешените малцински права доведоа до конфликти и дестабилизација.

Гоце Делчев својата визија за светот ја поставуваше како поле за културен натпревар меѓу народите. Во тој дух, правото на образование не смее да биде ограничено или условено – тоа е основен ресурс за развој на мултиетничкото општество, место каде што културите се натпреваруваат преку знаење, граѓанска одговорност и креативност, а не преку политички игри и одолговлекување. Само со политичка храброст, дијалог и транспарентно спроведување на правото на образование може да се создаде стабилна, демократска и толерантна држава, која ја почитува различноста како основна вредност.

Оттаму, образованието на албански јазик не смее да се третира како „подарок“ или компромис кој се одложува, туку како фундаментален столб на мирот, кохезијата и граѓанската интеграција. Подзаконски акт, имплементиран веднаш, согласно словото на постојниот Закон за употреба на јазиците, со веќе добиено мислење од Венецијанската комисија и со активно учество на локалните заедници, е најлогичното и најефикасно решение. Ова може да се оствари преку неколку подзаконски акти, како правилник на Државната комисија за правосудни испити кој ја регулира организацијата на полагањето на испитите на албански јазик, уредба на Министерството за правда која што ги утврдува роковите и формите на превод на документи и испитни материјали, како и со одлука на Владата за начинот на поднесување барања, формати на испитите и организација на наставата на албански јазик.

Долго чекање или политичко одложување само ја зголемува етнополитичката енергија што може да експлодира, потсетувајќи на 2001 година дека нерешените образовни и културни права се ризик за целото општество – создавајќи растечки хаос, слично на ентропија во системот.

Само со комбинација на интегративни и консоцијални принципи, со политичка храброст и спроведување на правото на образование на мајчин јазик, државата може да се гради како жив мозаик на култури, кој одржува стабилност, демократија и меѓуетничка доверба, наместо да ги повторува грешките од минатото и да се распадне под тежината на политичките игри и одложувања.

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.