Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политичката дебата за македонската историја ги вжешти социјалните мрежи – еден од дијалозите Георгиевски vs Котлар

0
By Biljana on February 11, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичката дебата за ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев се префрли и на социјалните мрежи. Поранешниот премиер Љубчо  Георгиевски во последната објава на Фејсбук тврди дека професорката од Институтот за национална историја и член на партијата Глас за Македонија, Наташа Котлар-Трајкова стои зад едиција на книги во кои се промовира антимакедонска пропаганда, посочувајќи го родното место на Гоце Делчев, селото Кукуш како “град со чисто патриотско бугарско население“. 

„Во врска со обвинувањата дека сум направил некаква фотомонтажа, најдецидно тврдам дека во едицијата „Про Македонија“, името на професорката Котлар стои во стручната редакција на најмалку 70 книги кои пишуваат за општата историја со Бугарија, а во дел од нив таа го пишувала и предговорот. Во книгата што ја посочив таа е потпишана два пати и како дел на стручната редакција и како пишувач на предговорот. Значи зела два хонорара“, пиша Георгиевски.

Пред два дена, Георгиевски сподели фотографија од првата страница од книгата „Последните денови на Кукуш“ од авторот Владимир Караманов, но која посочи дека професорката Котлар – Трајкова, била потпишана како дел од стручната редакција.

„Во 2014 година, додека Премиер на Р.Македонија беше Груевски, директорот на македонскиот државен архив објави едиција “Промакедонија” во која во седумдесет книги се чита за општата историја на Македонија со Бугарија. Во сите седумдесет книги во стручната редакција го читаме името на Д-р Наташа Котлар -Трајкова, а во повеќе од нив таа се појавува како и пишувач на предговорот. Во прилог ја давам само првата страна и ве молам прочитајте убаво зад што стои нашата позната професорка…“ стои во објавата на Георгиевски.

Постот на екс премиерот поттикна бројни реакции кај корисниците на социјалната мрежа „Фејсбук“. Со коментар на постот се јави и професорката Котлар која го обвини за измонтирана слика и изречени невистини.

„Земал, ликот сликал текст на кој јас не сум автор, туку само член на уредувачкиот одбор, но затоа само моето име го сликал, за да покаже на пучанство дека сум недоследна и неквалификувана. Можел да го стави мојот текст за да види пучанство што пишувам! Арно ама, се навикал човекот на лажоткање, па зошто да не и сега. Најтажно од се’ е тоа што имаше висока политичка власт!“, пиша Котлар-Трајкова.

Постот на Љубчо Георгиевски ја предизвика професорката и таа преку социјалните мрежи да ја повика стручната јавност, како што посочи, луѓе учени, социолози, психолози, историчари… „да ја анализираат темата и да толкуваат зошто Македонците денес живеат во општествена и културолошка парализа“.

„Погледнете го добро овој лик, тој е поранешен премиер на РМакедонија, кој се чувствува како (Не)Македонец, ама милува да е Бугарин и јавно да изјавува дека требало уште од поодамна да се направи ревизија на „нашата“ историја. Со овој лик ние Македонците немаме „наша“ историја. Но, се согласувам дека уште тогаш во раните 90-ти години, требаше да расчистиме со овој и нему сличните политички, (а)национални, (не)македонски и скрупулозни ликови, докажани во погубната македонска приватизација и (не)демократизација!!!  Читал ликов многу историска литература, па сега ревидира, бугарствува, убива чеснот и достоинство, македонска. Луѓе учени – СОЦИОЛОЗИ, ПСИХОЛОЗИ, ФИЛОЗОФИ, ИСТОРИЧАРИ, ЛИТЕРАТИ, ПРАВНИЦИ, ЕКОНОМИСТИ и многу други, еве ви тема за анализа, размислување и толкување зошто ние Македонците и ден денес, сме анестезирани и живееме во општествена и културолошка парализа, не напредуваме! Чумата е уште жива и не’ разјадува уште посилно од порано! Затоа, јас се определувам за борба, волја, разум и бестрашност!“, напиша Наташа Котлар на својот профил на Фејсбук.

(Б.Б.)

Историја Кукуш Љубчо Георгиевски Наташа Котлар Трајкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.