Published: Monday, March 30, 2015 10:51
Полиичката криза во земјава, денеска во Брисел ќе ги седне на дијалог ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Кризата во земјава произлезе откако Груевски го најави случајот „Пуч“ во јавноста, додека лидерот на опозицијата Зоран Заев објави телефонски разговори на најразлични функционери, за кои тој вели дека се прислушувани по наредба на премиерот Груевски и Сашо Мијалков, а во кои се зборува за најразлични криминали.
Станува збор за првиот официјален обид за преговори меѓу двете партии за да се надмине политичката криза во земјата.
Преговорите ќе бидат со посредништво на тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.




