Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Протести пред црногорската влада: Абазовиќ поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата а премиерот Кривокапиќ даде налог за разрешување на вицепремиерот

0
By Mirjana on January 19, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичката партија Обединета реформска акција (УРА), на црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, денеска поднесе иницијатива за гласање недоверба на црногорската влада, што ќе се најде на дневен ред на Парламентот на 4 февруари. Ова ги натера граѓаните вечерва да излезат на протести пред владата кои скандираа со повикот „Предавство, предавство“.

Иницијативата ја потпишаа 31 пратеник во црногорскиот парламент, а според Уставот на земјата, најмалку 27 пратеници можат да побараат преиспитување на довербата на владата во парламентот. За отповикување на актуелната влада на премиерот Здравко Кривокапиќ потребна е поддршка од 41 од вкупно 81 пратеник.

На почетокот на неделата Абазовиќ го најави тој потег, веднаш барајќи поддршка за формирање малцинска влада во која, како што тогаш рече, нема да има место ниту за Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ, ниту за просрпската Демократски фронт, но рече дека би сакал и тие политички опции да поддржат малцинска влада.

Иницијативата за соборување на владата ја потпишаа претставници на владејачката УРА и опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Социјалдемократите (СД), Бошњачката партија (БС), Албанската листа и Албанската коалиција, Либералната партија (ЛП) и дел од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

По предавањето на иницијативата, пратениците на УРА рекоа дека „не сакаат да симулираат процеси, да одолговлекуваат и да ја убиваат мнозинската волја на граѓаните кои сакаат стабилност, реформи и патот кон ЕУ“.

Во меѓувреме денеска црногорскиот премиер Кривокапиќ даде налог за разрешување на Абазовиќ.

Инаку во понеделникот, американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар рече во интервју за Гласот на Америка дека САД не го сметаат Демократскиот фронт за „соодветен партнер“ и дека ДФ ги охрабрува поделбите во Црна Гора, ги блокира реформите и патот кон Европа .

УРА, која има тројца пратеници во црногорскиот парламент, кон крајот на декември потпиша меморандум за соработка со опозициската Бошњачка партија и Социјалистичката народна партија, владејачката партија, што беше првиот чекор кон предлогот за формирање малцинска влада.

Абазовиќ ПОБАРА ГЛАСАЊЕ ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.