Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Политика: СПЦ изненадена од одлуката на Бугарската црква за МПЦ

0
By Нова ТВ on November 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белградскиот дневен весник „Политика“ во денешното издание анализирајќи ја одлуката на Бугарската православна црква (БПЦ) да прифати да ја застапува Македонска православна црква (МПЦ) пред останатите цркви заради утврдување на канонскиот статус, пишува дека ги „возбуди“ црковните кругови во Белград.

Пишувајќи опширно за следот на настаните на релација меѓу МПЦ и БПЦ и одлуката на Синодот на БПЦ, весникот повикувајќи се на извори од „врвот на Српска православна црква“ (СПЦ) пишува дека Светиот архиерејски синод на СПЦ  вчера имал редовна седница, на која на маргините се расправало и за настаните во Бугарија.

Како што пишува „Политика“, во врвот на СПЦ неофицијално изјавиле дека се „изненадени со одлуката на Бугарската патријаршија и се надеваат дека Синодот во Софија ќе остане на линија на канонскиот поредок на црквата, со оглед на тоа да Охридската архиепископија на чело со архиепископот Јован Вранишковски, после неодамнешната пресуда на Европскиот суд за човекови прашања во Стразбур, е законска канонска црква на тоа подрачје.“

– На православниот народ во Македонија не му се скратени никакви права. Тој факт е потврден не само со канонското право, туку и според највисоките правни акти на Европската Унија, напоменуваат изворите на „Политика“ од СПЦ.

Пишувајќи за одлуката од Стразбур и за реакцијата на ПОА на Вранишковски, „Политика“ повикувајќи се на нејзините неименувани соговорници потсетува дека „СПЦ ја издала  потврдата за автономија на Охридската архиепископија, преку акт потпишан од покојниот патријарх Павле и целиот собор на СПЦ, што е потврдено и од Васеленската патријаршија во Цариград.“

Врз основа на Нишкиот договор од 2002 година помеѓу СПЦ, и како што пишува белградскиот весник, „канонско непризнатата МПЦ“ македонските епископи прифатиле да се вратат во канонско единство со СПЦ, но по враќањето во Македонија ги повлекле потписите“.

Историчарот д-р Александар Раковиќ од Институтот за најновата историја на Србија, за „Политика“ изјави дека „со формирањето на власт на Зоран Заев во Скопје, дошло до будење на бугарофилските струи во сите структури на општеството, па така и во МПЦ“.

Опишувајќи ја хронологијата на настаните во Македонија и изјавите во македонските медиуми, Раковиќ за „Политика“ констатира дека „потегот на МПЦ е противканонски, незрел и не помага кон решавањето на проблемот“.

Според него, и потегот на БПЦ е противканонски, бидејќи БПЦ како автокефална црква нема никакво канонско право да ја застапува МПЦ, која е во раскол со СПЦ, со што одлуката на БПЦ е мешање во внатрешните односи на Патријаршијата во Белград.

Според „Политика“ во потегот на МПЦ треба да се бараат и политички мотиви, бидејќи Бугарија од 1 јануари 2018 година го презема претседавањето со ЕУ, а официјално Скопје се надева дека тогаш конечно ќе ги отвори преговорите за членство во ЕУ.

БПЦ МПЦ СПЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.