Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Политико“: Лингвистичка гимнастика на Бугарија околу Македонија

0
By Нова ТВ on December 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 8, 2020 12:11

Како јазична гимнастика го оцени денешен „Политико“ спорењето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, поради што денес на министерскиот состанок на ЕУ најверојатно нема да се расправа за почетокот на преговорите со Македонија. Според „Политико“ тврдењето дека македонскиот не е посебен јазик туку регионална варијанта на бугарскиот е основата на спорот кој повторно ги загрозува европските перспективи на земјата. Притоа, ја отвора дилемата: Како безусловна одлука за почеток на преговорите стана одеднаш условувана од земја членка на Унијата, која и самата дала согласност за неа?

Според медиумот, бугарската блокада ги фрустрира другите земји во ЕУ бидејќи ги загрозува стратешките приоритети на Унијата во регионот и го зголемува влијанието наривалските сили како Русија, Турција, Кина и арапските држави од  Заливот кои се сè поактивни.Но, како што забележува, тоа не е ништо во споредба со бесот што се чувствува во Северна Македонија.

„Ако која било нација во Европа треба да избере помеѓу својот идентитет и влегувањето во ЕУ, тогаш има нешто лошо во тој пакет опции“, рече за „Политико“ вицепремиерот на Северна Македонија, Никола Димитров.

Како и многумина, тој смета дека јазичниот спор е прашање на национален идентитет.

„Кои сме ние, е нашата работа. Прашање е за македонскиот народ. Сметаме дека ова во никој случај не треба да биде предуслов за нашата европска иднина “, рече Димитров.

„Тука има и удел за Европската унија“, рече тој. „Одлуката за почеток на пристапните преговори беше безусловна. Како Европа ќе се справи со ова, каква порака ќе испрати  до целиот регион во врска со кредибилитетот на процесот “.

Сите 27 земји-членки, вклучително и Бугарија, потсетува „Политико“,  се согласија да започнат разговори со Северна Македонија и Албанија во март, без дополнителни услови. Но, Бугарија испрати меморандум до другите 26 земји, инсистирајќи на тоа дека документите на ЕУ треба да признаат дека „официјалниот јазик што се користи во денешна Република Северна Македонија може да се смета само како пишана регионална норма на бугарскиот јазик“.

Според медиумот, бугарскиот и македонскиот јазик се меѓусебно разбирливи – но тоа е случај со многуте словенски јазици што се зборуваат во земјите што граничат едни со други.

Петар Тодоров, македонски историчар, верува дека неговата земја ефективно се казнува затоа што е релативно млада нација. Тој вели дека е апсурдно да се третира една земја поинаку само затоа што нејзините предци не го одделувале нивниот идентитет од Бугарите доволно рано.

„Создавањето на македонскиот национален идентитет“, рече Тодоров, „не се разликува од создавањето на кој било национален идентитет ширум светот. Да се ​​каже дека етничкиот идентитет на Македонија е создаден само со политички декрет во 1945 година, нема никакви основи во современата наука “.

Плус, мнозинството современи европски нации  како и поранешните империи како Велика Британија, Франција и Германија или нордиските земји – ги кодифицираа своите пишани и стандардни модерни јазици во 19 и 20 век.

На крајот на краиштата,смета „Политико“,  ниту „јазик“ ниту „дијалект“ не е јасно дефинирана категорија и тешко дека спорот ќе го решат лингвисти.

Во меѓувреме, пишува медиумот, во Северна Македонија расте разочарувањето од бавното темпо на процесот на пристапување во ЕУ.Многумина велат дека иако сакаат членство во ЕУ за земјата, тие се уморни од тоа што нивниот идентитет е оспоруван на секој чекор.

„Проблемот со јазикот е важен за нас“, вели Трпе Ристоски, 49. „Нашиот јазик е македонски и нема да прифатиме ништо друго. Додека просечните луѓе не можат да влијаат на политиката, јас не можам да прифатам дека јазикот не е македонски. Сè друго е вештачко “.

извор: независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.