Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Политико“: Премногу дури и за Меркел – ни „Мути“ не можеше да направи се да биде подобро

0
By Нова ТВ on December 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 10, 2020 13:17

Во поголемиот дел од изминатата деценија и половина, ЕУ генерално можеше да смета дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе дојде на помош за се, но случувањата во текот на оваа година покажаа дека ни популарната „Мути” не можеше да направи се да биде подобро, оценува бриселскиот портал „Политико”.

– Со пандемијата со коронавирусот, бесконечните преговори за Брегзит, ќор-сокакот околу буџетот и низата геополитички тензии, особено во Источниот Медитеран, 2020 година создаде пеколен пејзаж од проблеми во политиката, што покажа дека цврстата рака на матријархот во Европа е веќе надмината, оценува порталот.

Според „Политико”, покрај сите овие внатрешни и глобални проблеми на ЕУ, остана нереализирана и една од главните цели на германското претседателство со Унијата – старт на преговорите за членство со Македонија и Албанија.

– Почетокот на преговорите со Македонија беше блокиран од бугарскиот премиер Бојко Борисов, политички сојузник на Меркел, додава порталот.

Според, „Политико”, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот призна дека настанатиот ќор-сокак околу проширувањето на Унијата претставува „тежок удар” за германската политика на Западниот Балкан, оценувајќи дека Берлин „не бил толку успешен во напорите за убедување како што би сакал”.

– За противењето на Бугарија, поттиканто од историски јазичен спор, не е виновна Меркел, но неможноста на канцеларката да изврши притисок врз Борисов сугерира дека нејзиниот авторитет можеби е намален, сега кога влегува во последната година од нејзиниот мандат, оценува „Политико”, заклучувајќи дека планираниот старт на преговорите за членство во ЕУ со Македонија и Албанија останува како едно од неколкуте проблеми што ќе ги наследи Португалија, која го презема претседавањето со Унијата од 1 јануари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.