Полицијата откако не го најде Никола Груевски во неговиот дом, се упати во седиштето на ВМРО ДПМНЕ.
Во моментов полициски службеници ги проверуваат колите кои излегуваат од подземниот паркинг на Палатата Христо Татарчев, во јавноста попозната како Белата палата.
По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
-Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата се вели во информацијата од Кривичен.
Во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката, а такви обиди беа направени и денеска.