Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата го приведе Бојко Борисов, Петков му порача: Никој не е над законот

0
By Ivana on March 17, 2022 НАСЛОВНА, РЕГИОН
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарската полиција го приведе поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов. Информацијата ја пренесуваат бугарските медиуми.

Според новинарските извештаи, полицијата влегла и во домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата било „итна проверка“. Контроли се вршеле и во домовите на претставниците на големиот бизнис.

Информацијата, според извештаите, ја потврдиле и високи извори од новата влада, објави 24 часа. Во тек е голема операција низ државата, која е заедничка со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја, изјавил извор од кабинетот за медиумот.

Бугарските медиуми јавија дека се приведени Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.

Министерството за внатрешни работи, кое го најави неговото апсење, ја избриша веста од сопствената веб-страница, јавуваат тамошните гласила.

„Борисов не е приведен но во моментов се претресува неговиот дом“, ова го изјави Никола Николов од ГЕРБ.

Што се однесува до другите членови на ГЕРБ кои наводно се приведени, Николов рече дека оваа информација не е точна.

„Никој не е над законот“ напиша премиерот на таа држава, Кирил Петков на фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Според бугарските медиуми, акцијата е за 120 случаи на злоупотреба на средства од ЕУ.

„Никој не е над законот!“, напиша премиерот Кирил Петков на својот Фејсбук профил.

Портпаролката на Кабинетот на Петков Лена Бориславова ја потврди веста за актуелната акција.

Статусот на премиерот на Фејсбук ја изразува позицијата што ја има од првиот ден на неговото владеење“, рече Бориславова.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва во полициски автомобил го напушти својот дом во градот Банкаја,  јави дописникот на МИА од Софија.

Тој беше изваден од полицаец и ќе биде предаден на Националната полициска служба на Бугарија.

Сите пратеници на ГЕРБ, поранешни министри и поддржувачи се собраа пред куќата на Борисов и се упатија кон местото каде што ќе биде испорачан поранешниот премиер на Бугарија.

Вицепремиерот на ГЕРБ Тома Биков ги повика симпатизерите на нивната партија да дојдат на протест во Софија.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.