Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата го пронашла Марјан, но не го вратила дома

0
By Менче Атанасова Точи on April 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 28, 2016 15:30

Полицијата го пронашла во Ресен седумнаесет годишниот Марјан, кој исчезна од Трговскиот центар каде што собираше пари за операција на очите. Неговите родители се револтирани бидејќи полицајците не го застанале кога го забележале, туку го пуштиле да се качи во автобус за Битола. Неговата мајка Вики Стојановиќ, тврди дека Марјан има проблем со ориентација во простор, а полицијата не превземала ништо за да го врати дома малолетникот. Со себе немал голема сума на пари.

„Само што дојдов од полициска станица, ми кажаа дека пред малку дека бил забележан во Ресен од каде се качил во автобус за Битола. Сега се подготвувам да одам во Битола, но каде ќе го најдам не знам. Можеби во меѓувреме се качил во автобус за некој друг град. Во последно време Марјан има проблем со ориентација во простор и му се случило неколку пати кога ќе излезе да не знае да се врати. Затоа покрај операцијата на очите, сакаме да испитаме што се случува и со неговата глава“, изјави за НОВА Вики Стојановиќ , мајка на седумнаесет годишниот Марјан.

Таа тврди дека во понеделникот во 11 часот последен пат се слушнала со нејзиниот син. После тоа, тој бил недостапен на неговиот мобилен, па така татко му отишол во Трговскиот центар да го побара, но таму го немало. Откога не се вратил и утредента случајот го пријавиле во полиција. Четири дена по исчезнувањето полицијата успеала да го лоцира, но го пуштиле да продолжи понатаму сам.

Марјан е ученик во прва година во средното училиште “8 Септември“, отсек за комјутери. Тој стана актуелен во јавноста бидејќи собираше пари за операција, седнат со транспарент во Трговскиот центар во Скопје. Граѓаните масовно се вклучија во акцијата, така што Марјан успеал да собере 1000 евра преку донации, а остатокот од 2 500 евра ги обезбедила неговата мајка која земала кредит од банка. Неговата мајка тврди дека Марјан наскоро има закажано операција во болницата „Свети вид“ во Србија, откако тука бил одбиен во една приватна болница која не му гарантирала успех. Марјан има оштетување на видот од 80 проценти на двете очи.

Марјан полиција пронајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.