Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата истражува кој ги запали возилата на таткото и братот на екс пратеничката Тушева

0
By Нова ТВ on October 24, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: Frontline.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полцијата истражува кој стои зад опожарувањето на петте возила, од кои три се целосно изгорени, а две се делумно оштетени. Трите опожарени возила што утринава целосно изгореа во пожар на улицата „Борис Крајгер“ во штипската населба Сењак се уште стојат на паркинг просторот. Станарите меѓу кои и Стефан Димитров сведочат дека пожарот настанал по пет часот. Слушнал силна експлозија и веднаш излегол за да помогне.

-Беше навистина застрашувачки. Се гледаше дека горат три автомобил. За среќа пожарникарите брзо пристигнаа и не дозволија да се прошири пожарот. Еве гледате на еден од становите е и стопена ролетната. Соседот од тој стан со црево не дозволи да се запали, вели Димитров.

Во пожарот целосно се изгорени  и две возила на Никола и Мите Тушеви, брат и татко на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева.

Тушев не сакаше да даде изјава. Смета дека треба да заврши  истрагата, но не го исклучува политичкиот мотив. Возилата на Тушеви според првичните докази на терен се намерно запалени, пронајдени се хебли, со кои се скршени задните стакла, а потоа преку нив е фрлена запалива течност.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека брзо интервенирале и спречиле огнените јазици да се прошират. Смета дека при вакви пожари на возила постои опасност за предизвикување поголеми штети.

-Во пет часот градот се буди можело да има и други минувачи, за среќа нема повредени лица, но секако дека е опасно, бидејќи во овие моторни возила има запливи течности, брзо гори ентериерот на возилото. Така што еден од потешките пожари е на запалено возило, вели Атанасов.

Според статистичките податоци на ТППЕ-Штип од почетокот на годината досега на територија на Општина Штип интервенирале на 19 случаи на опожарени возила, од кои повеќе се случајно запалено, но за некои има сомнение дека се дело на пиромани. Се очекува по увидот на крим техника од Скопје да се добијат подетални информации за овој случај.

Тушева на својот Фејсбујк профил објави видео на кое напиша: „На залезот на Денот на ВМРО и изгревот на парламентарните избори. Обнова has checked in. Волкот влакно менува, нарав никогаш“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.