Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицијата потврди: Груевски бегал со возило од унгарската амбасада

0
By Нова ТВ on November 15, 2018 ПОЛИТИКА
фото AFP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 15, 2018 20:19

Граничната полиција на Албанија, официјално потврди дека лицето Никола Груевски, на 11.11.2018 година во 19:11 часот, ја напуштило  територијата на Република Албанија преку граничниот премин Хани Хоти кон Црна Гора, како патник во возилото со регистарски таблички CD1013A, сопственост на Унгарската амбасада во Тирана.

На 11.11.2018 г. за лицето Никола Груевски немало никаква потерница, ниту информација дека треба да биде задржано, соопштуваат од граничната полиција во Албанија.

Ова значи дека Груевски заминал кон Црна Гора во неделата вечерта, два дена пред за него да биде објавена меѓународна потерница преку Интерпол. 

Каде екс премиерот Груевски престојувал од 9 ноември кога според МВР ја напуштил Македонија до 11 ноември кога ја напуштил Албанија не е познато. Унгарската Амбасада во Тирана не ги потврди информациите дека Груевски една ноќ поминал во Амбасадата. Во соопштението од граничната полиција не е наведено кога и на кој начин Груевски влегол во Албанија, но телевизијата „Топ Чанел“ повикувајќи се на сигурни извори објави дека од прегледот на TIMS системот на премините, Груевски на албанска територија влегол илегално.

Но понатаму повикувајќи се на истите извори, овој медиум објави дека „Груевски бил во автомобил на Унгарската амбасада и со својот пасош ја преминал границата со Црна Гора на преминот Хани-Хоти“. Весникот воопшто не ги споемнува фактот дека на Груевски му се одземени пасошите како мерка на претпазливост.

Унгарската Влада денеска тврдеше дека не му помогнале на Груевски да побегне и дека тој ја напуштил Македонија легално со лична карта. На Груевски му одземени пасошите, но не и личната карта.

„Тој легално ја напуштил земјата, но без пасош. Тоа е легално бидејќи на Балканот тој може да се движи со лична карта. Унгарската Влада не му помогнала на никаков начин“ рече Гулијаш Гергели, кој е министер и шеф на Кабинетот на унгарскиот премиер Орбан.

Гергели рече дека Груевски барањето за азил го доставил до Амбасада на Унгарија која не е во Македонија и веќе може да се претпостави дека станува збор за Амбасадата на Унгарија во Албанија.

Внатрешната контрола на МВР веќе истражува дали полициски службеници му помогнале на Груевски во бегството, а ОЈО отвори предистражна постапка по сомневањата дека одредени лица ја злоупотребиле службената должност. Се испитува и дали има пропусти кај граничните полицајци.

Министерот за вантрешни работи Спасовски по бегството на Груевски кажа дека тој ја напуштил Македонија преку диви премини кои не можат да бидат херметички затворени.

-На ниту еден граничен нема излезено легално. Тоа укажува дека излегол илегално, вон гранични премини. Чувањето на зелената граница е патролно и тоа не може херметички да ја затвори границата. Секојдневно имаме обиди за илегално преминување на границата. Сите анализи укажуваат дека заминувањето од Македонија не се случило по воздушен пат. Кога ќе дојдеме до релевантен податок како се случило, тогаш ќе соопштиме. Сигурно е дека тој имал поддршка, рече Спасовски.

Груевски требаше на 8 ноември да се јави на издржување на затворската казна во Шутка, но жалбите го одложија решението за еден ден кој Груевски го користи да побегне. И додека судски курир на 9 ноември, три пати го бара во неговиот дом, Груевски веќе ја напушта Македонија. Националната потерница е издадена дури во понеделникот на 12 ноември, а меѓународната ден подоцна кога екс премиерот и почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ ќе објави на Фејсбук дека е во Будимпешта.

Унгарија како дестинација за бегство ја избраа и поранешните полициски функционери Горан Грујоски и Никола Бошкоски но тие беа уапсени на аеродром во Солун пред да стигнат во Будимпешта.

Не се открива каде е сместен Груевски во Будимпешта  и каде го чека одобрението за азил од унгарските власти за да го избегне издржувањето на затворската казна. Освен за Тенк, тој е обвинет и во Титаник, ТНТ, Траекторија, Насилство во Центар.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.