Полицијата веќе се пробива до авионот кој се урнал во непристапен терен, после село Кожле, во областа Синадорит, јавува репортерот на НОВА, Влатко Чаловски. Наводно, веќе дошле до некои предмети, патики мобилни телефони, но телата на патниците не се пронајдени.
На теренот покрај полициските екипи има и возила на Итната медицинска помош, а присутни се и повеќе новинарски екипи. Според мештаните на селото Кожле, нешто после 17 часот слушнале силен звук кој личел на експлозија, но бидејќи имало магла и врнело, мислеле дека грми.
“Слушнав силен звук кој личеше на екслпозија. Во тој момент гледав вести, но не помислив дека паднал авион“, изјави едне од жителите на Кожле.
Според мештаните до реонот каде што се урнал авионот се стигнува само со теренски џипови.
Екипата на НОВА, репортерот Влатко Чаловски и снимателот Трајче Антовски се на терен и ќе известуваат што се случува.