Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полициски синдикат до МВР:Цело лето со една кошула-каде се униформите

0
By Нова ТВ on August 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако лицето на полицијата е лицето на државата – тогаш нашето лице е изнемоштено и исплашено, велат од Независниот синдикат на полицијата. Тие денеска на прес конференција се пожалија дека се уште немаат униформи и побараа од МВР да каже – која е вистинската причина што тендерот за нови униформи неколкупати се поништува.

Претседателот на синдикална подружница на НСП, Мартин Ефремов рече дека веќе 10 години не се набавени нови униформи.

– Веќе неколкупати се поништуваат тендерите за набавка на нови униформи и кај нас почнува да се јавува сомнеж дека тоа се прави свесно за да не се изврши набавката. Неколкупати Министерството излегуваше со конкретни датуми за набавка на нова униформа, но ниту еден не беше испочитуван. Бараме од Министерството веднаш да набави нова униформа по основ на итна и неодложна потреба, бидејќи летото го минавме со по една кошула, но за зимата не знаеме што ќе правиме, изјави Ефремов.

Како втор проблем тој го издвои и воведувањето седумчасовно работно време со кое, како што вели, се крши Законот за работни односи и колективниот договор.

Посочи дека полициските службеници се ангажирани на работа секој ден, а неретко и по двапати во текот на денот, при што, како што нагласува, правото на неделен одмор им е целосно ускратено, а приватниот живот речиси невозможен.

– Ние не бараме ништо повеќе од МВР освен да почне да ги почитува Законот за работни однсои, колективниот договор и подзаконските акти, рече Ефремов симболично прикажувајќи избледено полициско капче како одраз на реалните состојби во полицијата.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Тодев Делчев изјави дека од страна на Синдикатот досега биле направени неколку обиди за институционално решавање на проблемите на вработените во Министерството, но оти засега само делумно наишле на разбирање. Тој најави нови активности  во однос на решавање на проблемите на вработените на Независниот синдикат на полицијата, како и на затворската и на шумската полиција.

Независен полициски синдикат униформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.