Полскиот премиер Матеуш Моравјецки повика на формирање „независна комисија“ која ќе ги истражи руските воени злосторства во Украина, додека светските лидери продолжуваат да ги осудуваат злосторствата во Буча.
„Предлагаме формирање меѓународна комисија за истрага на злосторствата во градовите во Украина“, рече денес Моравјецки на прес-конференција во Варшава.
Во оваа комисија би биле вклучени лекари, криминолози и специјалисти, додаде премиерот.
„Буча, Ирпин, Хостомел и Мотижин се местата што ќе ги паметиме. Русите извршија злосторство геноцид. Мора да биде соодветно документирано и проценето“, додаде Моравјецки во твитот објавен денеска.
Во својот говор тој ја нарече Русија „тоталитарно-фашистичка држава“ која мора да биде запрена од НАТО и ЕУ.