Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска компанија на скопјани ќе им донира десет сензори за детектирање загаден воздух

0
By Нова ТВ on October 29, 2018 ВЕСТИ
Сензор за мерење на загаденост на воздухот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 29, 2018 18:19

Есенва за скопјани започнува нова ера во следењето на загаденоста на воздухот. Во Скопје, на десет видливи локации во приватна сопственост ќе бидат поставени сензори за детектирање загаден воздух, кои се донација од полска компанија. Загаденоста на воздухот во Скопје веќе достигнува алармантни нивоа, а често се случува постоечките мерачи на загаденост да се расипат и да не покажуваат податоци токму во оние денови кога загаденоста е највисока.

Airly – полската компанија која ги донира сензорите, создава мрежи од сензори за квалитетот на воздухот кои се поставуваат ширум државите. Технологијата која ја создава оваа компанија овозможува онлајн мониторинг на квалитетот на воздухот во реално време.

Граѓанскиот активист Тони Никушевски кој е амбасадор на Airly во Македонија вели дека денес најголемиот предзвик за човештвото и планетата е нејзиниот опстанок како последица на загадувањето на воздухот, почвата и водата.

– Загадувањето и последиците од него ја чинат Македонија секоја година 1350 жртви и 225 милиона евра дополнителен товар за здравствениот систем. Иако бројките се застрашувачки, на терен многу малку се прави во насока на позитиво придвижување и следење на светските трендови. Основата на овој неадекватен пристап е во недостатокот на јавна свест, особено кај донесувачите на одлуки и креаторите на политики  –  вели Никушевски.

Никушевски вели дека штом проблемот станува сè повидлив за пошироката популација , толку побрзо работите почнуваат да се придвижуваат во позитивна насока и се започнува со вистинско решавање на истите .

– Човекот како битие иако целосно најразвиен во еволуцијата, има многу ограничени можности за детекција со сопствените сетила за околината во која живее или го опкружува. Деновиве слушнавме и од нашиот меѓународно истакнат научник и иноватор професорот Виктор Груев дека човечкото око има само три центри за детекција/сензори , додека специфичниот вид на ракчиња на кој што се базира неговиот изум, поседуваат 16 различни.

Квалитетот на современиот пристап при решавањето на дадени проблеми ја наметнува зависноста од употребата на технологијата. Нема дијагноза без квалитетна анализа, а таа е можна единствено доколку имаме пристап до квалитетни бази на податоци обезбедени од уреди наменети за таа намена. Потребно е да го видиме проблемот за да можеме да се соочиме со него – вели Никушевски.

Airly е глобална мрежа од сензори за мерење на квалитет на амбиентален воздух поставени во повеќе градови.  Сензорите мерат концентрации на загадувачки ПМ2,5 , ПМ10 , температура , воздушен притисок , влага и останати , податоците се апсорбираат во КЛАУД решение , се процесираат и се интерпретираат на веб апликација достапна од секој паметен уред.  Ерли во Македонија ќе биде комплетно интегрирана со веќе водечката апликација Мој Воздух, а ќе биде комплетно достапна и понудена на градот Скопје, единиците на локална самоуправа и министерствата, со цел за изнаоѓање на решенија и креирање на идни политики.

На прашањето, која е потребата од поширока мрежа, Никушевски вели дека квалитетни бази на податоци можат да се добијат единствено доколку имаме повеќе сензори на растојанија не поголеми од 1 километар радиус.

– Ако се земе предвид фактот дека Скопје се протега на површина од 207 километри квадратни, 100 мерни уреди би биле најмалку што би било потребно за квалитетна база на податоци од кој би можеле и властите и секоја единица на локална самоуправа , па и невладините да црпат информации за моменталните состојби на терен .

Градот Скопје, односно Министерството за животна средина и просторно планирање поседува само 6 станици на територија на градот што е не доволно за целосна перцепција  – вели Никушевски.

Во 2016 година во Краков во Полска , ЕРЛИ ја лансира социјалната кампања наречена „Краков Дише“ каде што се потенцираше потребата од квалитетна мрежа на сензори и се акцентираше основното начело на независност на мрежата а тоа е што кај ЕРЛИ секој може да стане сопственик и домаќин на сензор поставен на место по сопствен избор .

Со оваа кампања се обезбедија веднаш првите 100 сензори за Краков наспроти 6-те државни, а со тоа, граѓаните и властите ја добија првата мрежа на сензори која што испорачува податоци во реално време.

Според Никушевски, Скопје и Краков имат некоја сличност – барем во бројот на жители и на територијата врз која се распространети но и по загаденоста.

Airly е создаден од група инженери кои што делеле иста визија и пасија кон технологијата. Тим на физичари, мехатроничари и софтверски инженери. Достапните бази на податоци можат  да обезбедат покавалитетни анализи базирани на вештачката интелегенција .

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.