Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полскиот и шпанскиот ветер не дуваат во иста насока

0
By Светлана Јовановска on May 26, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 26, 2015 18:06

Резултатите на изборите во Шпанија и Полска покажуваат дека Европа мора да се смени, смета Федерика Могерини, шефицата на европската дипломатија.

“Она што ни го кажуваат резултатите од изборите во општинските избори во Шпанија и претседателските во Полска, иако на сосема различен начин (….), значат дека е неопходна промена во нашиот европски сон ако сакаме да го спасиме”, изјави Могерини во Рим вчера.
На локалните и регионални избори во неделата, Шпанците испратија остро предупредување во политичката елита во земјата и ги подотворија вратите на Мадрид и Барцелона за крајно левите партии како Подемос кој потврди дека сега се наоѓа на трето место според добиените гласови.

Во Барцелона најмногу гласови освои листата на активистката Ада Колау која се бори против иселувањето од станови на луѓето кои повеќе не можат да платат кирија и го победи досегашниот градоначалник конзервативецот Ксавиер Триас. Таа доби 11 седишта, Триас 10, Куидаданос партијата која е центар десно доби 5 а 4 отидоа кај Каталанската социјалистичка партија.

Во Мадрид победи листата «Сега Мадрид» во која се наоѓа и Подемос. Владеачката демохристијанска партија Народна партија победи за едно седиште но листата «Сега Мадрид» би можела да владее со поддршка со Социјалистичката партија.

Во Полска сликата е сосема поинаква. Избирачите му ја дадоа довербата на Анджеј Дуда кој од август ќе биде новиот претседател на Полска. Дуда е конзервативец и евроскептик а неговата победа може повторно да му ја отвори портата кон власт на неговиот ментор Јарослав Качински, шеф на попупистичката партија Право и правда на следните парламентарни избори оваа есен.

Дуда може да се дефинира како ултраконзервативен. За него гласаа во недеката 51,55 отсто гласачи. Тој има 43 години и бил државен секретар за правда во 2005 година во владата која ја водеше партијата Право и правда. Од 2008 година тој станува еден од најблиските соработници на Лех Качински кој загина во авионска несреќа во 2010 година. Потоа Дуда стана пратеник и а во 2014 беше избран во Европскиот парламент.

Познавачите велат дека неговата кампања била водена на американски начин. Во текот на кампањата тој ја минал речиси целата земја и се среќавал со луѓето. Дуда, велат, и дава доверба на руралната Полска која е исклучително католичка и тој наликува на «идеалниот зет» кој секоја полска мајка бис акала да го има за својата ќерка.

Матео Рензи, премиерот на Италија, исто така реагираше на овие два избори во две важни европски земји:

«Ветерот од Грција, ветерот од Шпанија, ветерот од Полска не дуваат во иста насока но сите сите ветришта ни кажуваат дека Европа мора да се смени», изјави тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.