Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полските директори на јавниот ТВ сервис поднесоа оставка

0
By Нова ТВ on January 2, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 2, 2016 16:28

Сите директори на јавниот телевизиски сервис ТВП во Полска поднесоа оставка како протест поради измените на законот кој ќе сериозно ќе ја редуцира слободата на информирање а националното радио протестира со емитување на химната и Одата на радоста на Бетовен, симбол на европската заедница, јавува регионалната телевизија Н1.

Како што НОВА јави на 31 декември, Полска на 30 декември усвои закон со кој министерот за финансии на Полска ќе биде човекот кој ќе ги именува уредниците и директорите на полските медиуми.

Новите одредби на законот предвидуваат дека мандатите на членовите на дирекциите и советите за мониторинг на националниот радио и телевизиски сервис веднаш се прекинуваат. Отсега министерот за финасии ќе ги именува и отповикува овие членови. Досега тие беа избирани на конкурс кој го организираше Националниот аудио-визуелен совет.

Европската радио-телевиски унија (УЕР-ЕБУ), Репортерите без граници и Здружението на европските новинари изразија голема загриженост поради овој развој на настаните во Полска. За нив овој закон е воведен без дебата, без консултации и во голема брзина.

Владеачката партија Право и правда на Јарослав Качински, која дојде на власт на 25 октомври, успеа да го протне законот токму пред Нова година за време на ноќна седница.

Според законот, првите луѓе на јавните полски медиуми и членовите на Советот нема повеќе да бидат бирани на конкурс и за одреден период туку министерот ќе може да ги смени по своја волја бидејќи во измените на законот се укинати и прецизните услови според кои директорите можат да бидат менувани.

Телевизијата Н1 ја пренесува изјавата на полското радио за емитување на химната:

“Со полската химна и Одата на радоста на секој саат сакаме нашите слушатели и јавноста да обрнат внимание на заканите за плурализмот и слободата на говорот во новиот закон за медиуми”.

Претставникот на премиерката Беата Шидло за реформа на медиумите која им дава мисија да шират патриотизам дома и историската вистина за Полска во странство Криштоф Чабањски ги одби меѓународните протести против законот:

“Овој политички механизам се спроведува кон јавните медиуми во Полска а беше маскиран со наместени конкурси”, рече тој и додаде дека кандидатите на партијата Право и правда, додека биле во опозиција, никогаш не успеале да добијат место преку јавен конкурс за шефовски места во полските медиуми.

Шефот на пратеничкиот клуб на партијата Право и правда Ришард Терлецки побара од јавните медиуми да прекинат со критикување на реформите и промени што ги внесува партијата на власт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.