Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помалку часови за основците и помали ингеренции за директорите

1
By Нова ТВ on April 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 10, 2018 14:14

Намалување на неделниот фонд на часови и на бројот на ученици во паралелка, надворешна евалуација за рангирање на основните училишта, ограничување на надлежностите на директорите т.е. нивно преземање од Наставничкиот совет, советување на родители чии деца користат говор на омраза, можности за напредок на талентирани ученици – ова се дел од  измените на Законот за основно образование.

Јавната расправа за измените на Законот ќе трае еден месец.

Министерката за образование Рената Дескоска рече дека очекува Законот да биде донесен пред почетокот на новата учебна година.

Со Законот се предвидува максималниот број на часови да не  надминува 20 наставни часа неделно за учениците од прво до трето, 25 часа за учениците од четврто до шесто и најмногу 30 наставни часа неделно за учениците од седмо до деветто одделение. Се намалува неделниот фонд на наставни часови за одделенските наставници – од 18 до 23 наставни часови, во кои влегува и времето за организирано прифаќање на учениците пред и по наставата.

Предметните наставниците кои немаат доволно часови може да бидат ангажирани на одржување на интегрираната база на податоци, одржување на веб-страницата, е-дневникот на училиштето и други обврски поврзани со компјутерската работа во училиштето за што ќе добиваат три, шест или осум часови во фондот на часови во зависност од бројот на ученици.

Повеќе ќе нема настава во саботите. „Бројот на наставни денови нема да биде фиксно утврден со цел да се избегне одработување на часови во саботите за кои се покажа дека не се ефективни денови за настава“ рече министерката Дескоска.

Бројот на ученици во паралелка може да се движи од 20 до 30 ученици. Тенденцијата е во едно одделение да има максимум по 24 ученици.

Исто така се преддвидува во едно одделение да нема повеќе од два ученика кои се со посебни образовни потреби. За овие ученици ќе има и мобилни служби составени од стручни лица, а училиштето ќе обезбеди и лични асистенти кои  ќе бидат плаќани од државиот буџет. За ученици кои се на домашно или болничко лекување подолго од три недели, пак, се воведува можност за организирање и остварување на основното образование во здравствени и домашни услови.

За да се спречи насилство и други девијантни појави, училиштата ќе бидат обврзани да спроведуваат програми за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, програми за спречување дискриминација и програми за превенција на други облици на девијантно однесување. Доколку ученикот користи говор на омраза, неговиот родител, односно старателот, се упатува на советување.

Талентираните ученици, ќе имаат можност за настава според напреден образовен план, кој овозможува нивниот развој и напредување да се одвива според нивните способности и интереси.

Се воведува и обврска за професионална ориентација на учениците од основното образование при што училиштето во соработка со установи за професионална ориентација ќе им помага на родителите и на учениците при изборот на средното училиште и занимањето.

Надворешна евалуација на училиштата ќе биде основа за нивно рангирање и ќе ја спроведува Државниот испитен центар. Вработените во најдобро рангираното училиште ќе примаат додаток на платата во износ од 30 проценти во наредните 12 месеци.

„ Законот ќе овозможи порелаксиран пристап на наставниците и на учениците во образовниот процес и ќе оневозможи злоупотреби од директорите. Во законот нема мерки кои ќе значат посебно буџетско зафаќање. Некои работи се бесплатни, само треба да имате волја да ги направите.  Прашањето е во сенсот за проблемите со кои се соочуваат наставниците и учениците во образовниот процес и желбата тие да се решат“ рече министерката Дескоска.

 

Дескоска Основно образование помалку часови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.