Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помилуван и осомничен во „Тврдина“, ќе се бори со криминал во регионот

8
By Нова ТВ on August 5, 2016 ПОЛИТИКА
Фото: Selec.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е назначен за генерален директор на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот ( SELEC). Тој е еден од осомничените од страна на СЈО во случајот „Тврдина“, како и еден од помилуваните од претседателот Ѓорѓе Иванов.  

Еден од осомничените во случајот „Тврдина“, Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби унапредување во кариерата. Тој стана генерален директор на Југоисточниот европски центар за спроведување на законот ( SELEC), меѓународно тело за борба со криминалот, вклучувајќи организиран криминал во Југоисточна Европа.

Јакимовски е еден од 56-те помилувани лица кои се најдоа на листата за сега повлечената, колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Според биографијата на Јакимовски, достапна на веб сајтот на оваа меѓународна мрежа, тој од 2014-та до 2016-та година работел како Национален координатор за борба против тероризмот, минатата година бил помошник директор за координација во МВР и УБК, додека од 2006-та до 2015-та е раководител на Сектор за координација во МВР и УБК.image1_dg_1468320722

Во мрежата СЕЛЕК членуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Ова тело координира регионални операции и поддржува истраги за превенирање на криминал во меѓународен криминал.

Седиштето на меѓународната мрежа за борба со организиран криминал е во Букурешт, Романија, што најверојатно за новиот генерален директор ќе значи дека треба да се пресели во оваа земја.

На новата позиција, според информациите објавени на веб сајтот на СЕЛЕК, Јакимовски бил избран на 30 јуни во Букурешт, на состанокот кој бил фокусиран на изборот за нов генерален директор.

За отворената позиција аплицирале Македонија, Албанија и Србија.

„Гласачкиот процес заврши успешно со изборот на Тони Јакимовски, кандидатот на Македонија, како генерален директор на СЕЛЕК, по што Јакимовски ќе ја преземе позицијата по истекот на мандатот на сегашниот директор, Гурбуз Бахадир“, се вели во соопштението на организацијата.

НОВА испрати прашања во МВР за тоа на чиј предлог е назначен Јакимовски на оваа позиција, како и дали Јакимовски сега е дел од УБК или пак неговата функција престанува по изборот на новото работно место, но до објавата на текстот не добивме одговори.

Од Специјалното обвинителство за НОВА велат дека со оглед на последната одлука на Кривичниот совет да ја одбие нивната жалба за три лица во случајот „Тврдина“, сега осомничените може и да ја напуштат државата, бидејќи нивните пасоши не се одземени, ниту пак се определени други мерки на претпазливост.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера го потврди решението на судијата на претходна постапка да не им одреди мерки на претпазливост на тројца од осомничените во случајот „Тврдина“.

Петте осомничени во „Тврдина“, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, се товарат дека минатата година ја искористиле својата службена положба за да ја уништат опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.