Државниот секретар на САД Мајк Помпео ја заврши еднодневната официјална посета на земјава и попладнево од Охрид замина за Атина. На охридскиот аеродором „Св. Апосотол павле“ беше испратен од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Помпео денеска во Охрид имаше средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев на кои беше потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји и поддршката од САД за интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Американскиот државен секретар престојот во Охрид го заокружи со посета на црквата „Света Богородица Перивлепта“, која беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку амбасадорскиот фонд и од програмите на УСАИД.

Северна Македонија беше четвртата етапа од мини-европската турнеја на американскиот државен секретар. Тој во земјава допатува од Црна Гора, а претходно беше во посета на Италија и на Ватикан. Турнејата за завршува со официјалната посета на Грција