Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помпео во Македонија носи јасна порака за Москва, Брисел, но и Скопје

0
By Борјан Јовановски on October 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 1, 2019 17:03

Американскиот државен секретар Мајк Помпео доаѓа  да ја одбележи Македонија како дел од јужното крило на НАТО. Со оваа посета завршуваат сите дилеми околу геополитичката иднина на Македонија кои беа ставени на тест со значајни напори на оскурни автократски полтички структури во и надвор од државава. Целта на оваа посета на државиот секретар на САД е да стави јасно до знаење дека политичките влијанија чија цел беше да се промени стратешката насока на Македонија, немаат повеќе маневарски простор.

„За време на посетата на Подгорица и Скопје ќе разговараме за руските напори да се сее раздор во тие држави. Сакаме да ставиме јасно до знаење дека на овие суверени и независни држави и нивните граѓани е да ги донесат своите одлуки за насоката што сакаат да одат, а нивната одлука да бидат членки на  НАТО е важна за нив“, рече официјалниот претставник американската администрација.

Во овој контекст претставикот на американската администрација потсети на заговорот за државен удар во Црна Гора во  2016 година, чија цел беше  да се запрат процесите во Црна Гора за влез во НАТО.

Црна Гора, сепак, стана 29 членка на Алијансата а една година подоцна и судот им изрече затворски казни на инволвираните во овој заговор.

Според истиот извор  Русија, исто така, се обидела да предизвика спротивставување кон  Договорот од Преспа, а со цел да се спречи членството во НАТО, чии врати ги отвори поптпишувањето на овој Договор.

Помпео во Скопје ќе оддаде признание за лидерството кое доведе до потпишувањерто на Преспанскиот договор, кој, како што вели претставникот на американската администрација “беше неверојатен чекор кој демонстрираше лидерство и политичка храброст” .

Помпео покрај Македонија и Црна Гора ќе ја посети и Грција, уште една држава која има значителна геополитичка позиција на јужното крило на НАТО.

„Оваа посета е јасна политичка порака дека Македонија станува дел од териоторијата на НАТО што треба да ги обесхрабри сите понатамошни активности во и надовор од државата да се спречат евроатлантските интеграциски процеси на Македонија”, тврди дипломатски извор за НОВА.

Посетата на Помпео воедно ќе испрати порака до Брисел за потребата од зелено светло за старт на преговори како процес кој е силно поддржан од САД.

Сепак, најсилната порака директно или индиректно е до властите во државата за тоа дека во Македонија завршува тридецениската тразиција полна со корупција и полтички игри во интерес на неколку поединци.

Обидите на подземјето од која било политичка провиниенција да корумпира поединци и институции со цел да се спречи правдата, мора да биде јасно дека немаат никаква перспектива.

Членството во НАТО и стартот на преговори за членство во ЕУ, за Македонија значи голема обврска за имплематација на вредностите на кои се темели евроатлатското семејство.

Седнувањето на иста маса со најразвиените, најдемократски  и најбогати држави во светот во најмала рака значи дека ќе треба да јадете со нож и вилушка без да грабате со раце од чинијата во која се служи вечерата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.