Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поништена продажбата на земјиштето спроти НБРМ- се јавиле стари сопственици

0
By Нова ТВ on January 23, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 23, 2014 14:28

Mинистерството за транспорт и врски го поништи тендерот на кој за 71 денар за метар квадратен беше продадено земјиште спроти НБРМ, кај „Џамбо Веро“ во Скопје, бидејќи во меѓувреме, три лица се пријавиле дека поседуваат дел од земјиштето.

– Во текот на вчерашниот ден, до Министерството за транспорт и врски се обратија странки, односно физички лица до кои допрела информацијата за отуѓувањето на ова земјиште и истите понудија докази дека дел од земјиштето е во нивна сопственост и дека пред неколку години истото им било вратено согласно Законот за денационализација, објасни министерот Јанакиевски, и напомена дека по оваа информација, и извршениот увид од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, Министерството било известено дека е направен превид во документација.

Според министерот Јанакиевски, Министерството за транспорт и врски, постапувајќи по доставен приговор од страна на сопствениците на земјиштето, согласно член 56 став 7 од Закон за градежно земјиште ја поништило постапката за отуѓување и сите уплатени средства од страна на понудувачот ќе бидат вратени.

Тој потенцираше дека ова е прв ваков случај, каде што е постапено врз основа на неточни податоци, иако до сега се отуѓени повеќе од 1.000 локации.

Земјиштето со површина од 2855 м2, беше продадено на тендер минатата недела, што предизвика негодување од страна на општина Центар и критики во јавноста порад ниската цена за земјиште во строгиот центар на главниот град.

Наддавањето за земјиштето ќе биде поништено, а уплатените 3.296 евра за 2.855 м2 во строгиот центар на градот ќе и бидат вратени на фирмата „Амадеус Стоун ДООЕЛ“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.