Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Понуда на стапот и наведнатиот грб

0
By Биљана Секуловска on June 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 27, 2020 11:57

Нека продолжи ВМРО-ДПМНЕ со владеењето таму каде што застана, онака како што нуди на овие избори. Нека продолжат сите оние кои сега се на листите, тоа се истите луѓе на Груевски, блиски соработници, неговите најважни карики, луѓе кои повторно ќе не однесат таму, каде што ќе ги обноват нивните славни времиња.

Во нивните изборни спотови можете да ги видите точно тие поминати години, сè што не се заборава никогаш.  Тогаш кога бараа да се наведнуваме сите, мавтајќи со стаповите, да нè  потсетат, како се завршува откако ќе се испружите пред нив.

Сега ги прикажуваат тие потсмешливи спотови, за потсетување- како изгледаше нивната визија за луѓето во оваа земја, во што сакаа да ги претворат. Да направат од сите нас покорни и мали, невидлива армија на зомби, која лази пред нив, за да нè  дотолчат. Ним им беа потребни ништожни црви од кои ќе се одзема и граба сè , сечата беше кон сите, никој не беше поштеден. Она што најмногу сакаа да гмечат, беше достоинството, во што секако дека не успееја.

Тогаш кога владееше страв, бес и одмазда, владееше истата партиска книшка која мислат дека повторно може да го купи стравот, кога се шепкаа имињата на Груевски и на Мијалков. ВМРО-ДПМНЕ на Мицковски е онаа истата партија која сега се нуди низ нивните спотови, кога мислат дека можат да го сменат часовникот и да ги одвраќаат младите да заминат од земјава. Тие времиња веќе се затворена книга.

Мицковски добро знае дека тие засекогаш отишле, ех, какво лицемерие, тој знае дека тие заминале само заради нив. Тоа е таа младина која во нивните 11 години засекогаш им го сврте грбот. Нека ги праша само за деновите на тагата кога биле принудени да купат карта во еден правец. Нека се распраша за годините кога цели семејства не гледаа решение, кога нивниот излез беше да се напушти сè , да се продаде сè , да се сака засекогаш да се исчезне-  и да не се свртат никогаш повеќе.

Токму заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ им го нудеше. Токму заради таа партиска книшка, која им гарантираше послушност и наведнат грб, кога сведочеа за грабежот и пустошот, после кој не може да се опорави оваа земја. После нив одново мора да се гради оваа земја, после грабежот кој го урниса и го прогласи за непостоечки здравствениот систем, после чистката на здравствениот кадар, кој замина токму заради тие времиња кои денес ги нуди ВМРО- да се вратат. Откако оставија пустош- да нема доктори, сестри, болничари, нема болници, легла, респиратори, она што не постои денес, благодарејќи на нивното владеење, кое сега не удри повторно,  во ова време на пандемија.

Обнова на мрачните времиња- тоа е најдоброто што може да го понудат- за тоа се обучени, тоа е сè  што знаат и треба да сме им благодарни, што само нè  потсетија на маршевите кога викавме- Никогаш повеќе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.