Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поп Христова: Барам само соодветен третман за Кили

0
By Нова ТВ on September 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 29, 2013 11:28

Гордана Поп Христова сопруга на актерот Кирил Поп Христов кого полицијата го приведе со обвинување дека одгледувал марихуана во интервју за НОВА зборува за здравствената состојба во која моментално се наоѓа притворениот актер.

“За болеста на Киле знаеа малку луѓе, тој не сакаше сожалување и се однесуваше како здрав но понекогаш ми се жалеше дека има потешкотии со дишењето, срцето и трнењето на раката. Израстокот на плешката е голем и на ренген снимката се гледа дека тој израсток се развива кон внатре кон срцето и плуќата и ребрата. Тоа е закана без оглед на тоа дали израстокот е малиген или не. Она што е опасно е што таа израслина може во секој момент да притисне некој витален орган и да му го загрози животот. Тоа ни го кажа хирургот кој исто така сугерираше итна операција.

Поради исксутвото на неговата мајка која се оперираше но сепак почина од канцер Кили беше скептичен во однос на сугетијата на докторот. Кили последните месеци од животот на мајка му ги мина со неа и секој кој во фамилијата имал заболен од тумор знае колку е тоа искуство болно и трауматично.

За идејата која ја имале со брат му да се лекува со алтернативна медицина односно со масло од канабис дознав преку интернет кога го прочитав постот на неговиот брат Мио на ФБ. Кили последните денови одеше почесето во куќата на брат му затоа што Мио беше на одмор во Грција , за да му ги храни кучињата и да ја вади градината. Од снимките објавени на интернет разбрав дека во подрумот на куќата на Мио имало и марихуана.

Не сум го видела обвинителниот акт и не знам прецизно за што го теретат. Со судскиот процес ќе се бават адвокатите јас само сакам да апелирам да му се дозволи адекватно да се лекува. Стравувам дека онаму каде што се наоѓа сега во притвор невозможно е да му се овозможи соодветен третман” вели за НОВА, Гордана Поп Христова.

Во разговорот Гордана ни зборуваше и за проблемите на Кили да се соочи и да ги прифати општествените норми и конзервативната реалност во која живееме.

“За Кили можам да кажем дека е човек со една личност за разлика од сите нас,тој е ист дома,на работа,со пријателите. Негови тајни се јавни,тој е отворен,искрен и затоа многу луге го сакаат но од друга страна овие особини придонеле тој да има стален проблем со прилагодување на општествените норми.Моите пријатели често ми кажувале дека јас имам три деца и навистина,Кили е како дете чист,наивен и често пати несвесен за реалноста на конзервативно општесво во кое живее.

Тој е мултиталентиран уметник,со огромна стваралачка енергија која мислам дека не беше доволно препознаена и искористена кај нас,тој имаше повеке понуди за работа во соседните земји него тука.Секогаш бил посветен на семејството,децата,домот,како што кажа еден од соседите,тој мравка не згазил,пријателите никогаш не ги делел по верски,социјални или партиски основи.Ниту јас ниту било кој друг не можел да го убеди дека тоа што конзумира марихуана може да го загрози,дека во нашето општесво тоа е законски санкционирано за разлика на употреба на алкохол,тутун или седативи” вели Гордана Поп Христова за НОВА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.