„Подземни води ги поплавија подрумските простории и на новата зграда на Уставниот суд и Археолошкиот музеј. Водата се црпе за да не дојде до поголеми оштетувања“, соопштуваат од Одделение за односи со јавност на општина Центар.
По интервенција на надлежните од општина Центар, со пумпи се прави обид да се исцрпи водата во овој нов објект.
Според официјалниот документ од Градежниот институт „Македонија“, се работи за подземни води.
„Карактеристично за сегашниот период и состојба на висок водостој, анализирано во последните 20 години, има доста високи, дури и екстремни нивоа на подземни води.“, стои во информацијата на Г.И. „Македонија“.
Вакви поплавувања на подземни простории има и во други објекти во општината, како што се објектите „Тифани”, Еуростандард банка”, „Соборниот храм” и други.