Невремето предизвикува големи проблеми во регионот, a vо моментов најалармантна е состојбата во Хрватска и Словенија, каде во некои делови е прогласена вонредна состојба. Нивото на реките и натаму расте.
Поројните дождови вчера ги земаа и првите жртви. 17-годишна девојка и 26-годишно момче загина од надојдената вода во местото Вранско во Словенија. Еден маж се води за исчезнат.
Медиумите јавуваат дека неколку стотици куќи се под вода. Во прекин е сообраќајот а во некои делови нема ниту електрична енергија. Најкритични се реките Сава и Крка. Во руралните средини забележани се свлечишта.
Сериозна е состојбата и во Хрватска. Според официјалните податоци 85 општини се во опасност од надојдената вода. Жителите со помош на војската вчера го одбранија Карловац, денеска Сисак е во опасност од налет на воден бран, кој се очекува да го прогоди градот во текот на вечерните часови.
Критична е состојбата и на северот од земјата. Каде покрај војската и граѓаните помагаат во евакуацијата и поставуваат насипи. Поплавени се фабрики и автопати, проблеми има и во железничкиот сообраќај.