Четворица загинати и илјадници евакуирани е епилогот од поплавите во државата Колорадо во петокот. Припадниците на Националната гарда со борбени возила евакуираа 2 000 жители на градот Лајонс.
Користејќи го затишјето на најголемите поплави во Колорадо во последните неколку децении, спасувачите од врата на врата ги прегледуваа куќите и ги префрлуваа жителите на Лајонс на сигурно.
Невообичаено обилните дождови кои го погодија најголемиот урбан центар во Колорадо и водата која навлезе во куќите принуди на евакуација илјадници Американци.
Погодената област се протега двесте километри долж источните падини на планините Роки од Форт Колинс, во близина на границата со Вајоминг, Болдер, Денвер и Колорадо Спрингс.
Најновата жртва е жена чиј автомобил беше однесен од водата северно од Болдер.