Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попоски до амбасадорите на ЕУ: Со години вергламе во место, преговори ни требаат сега

0
By Соња Петрушевска on June 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Ако не ве стават на велосипед нема да одите напред, ние само вергламе во место со години, рече Никола Попоски пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Попоски критички зборуваше за односот на европските земји кон Македонија.

-Земјава повеќе од десет години има препораки за отпочнуваење преговори. Сега зборуваме за нешто што требаше да го добиеме уште во 2005. Замислете некој во 2005 да ни кажеше дека во 2019 ќе разговараме за седнување на иста софра со членките на ЕУ- затоа што ние само тоа го бараме, не да станеме веднаш членки на ЕУ, кажа Попоски.

Тој напомена дека Грција и Бугарија кои биле политички пречки, сега не се противат за почеток на преговорите, а земјава има оценка ,,3“ за подготвеноста и усогласеноста на законите со ЕУ.

-Се претворивме во печатница на закони, за сега Берлин да ни рече: Ќе почнете преговори, ама не сега, а Франција – ќе почнете преговори, ама не вака, туку кога ќе се реструктуира Унијата, рече Попоски.

Попоски исто така напомена  дека ,, фрустрацијата ќе расте, а довербата кон ЕУ ќе опаѓа ако нема конкретна одлука.

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтрграции рече дека сега не е потребно да се отвора дебата за кредибилитетот на ЕУ, но ако не се отворат преговори во октомври, тоа ќе го доведе во прашање кредибилитетот на клучните принципи на ЕУ.

Францускиот амбасадор Тимоние порача дека не се согласува со тезата дека е важно да се почнат преговорите, а потоа да се исполнат реформите, туку  важно е државата да ги почне преговорите од ,,добра организирана појдовна точка“.

Тој рече периодот до октомври да се искористи за ,, спроведување на реформи со нов елан“.

-Има уште многу работа, но ова не треба да се сфати како критика кон Владата или како обид да додадам вода на воденицата не противниците,  рече Тимоние.

За законот за ЈО порача дека опозицијата треба да даде свој придонес затоа што ЕУ ја вреднува и борбата пртив корупцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.