Published: Tuesday, August 27, 2013 15:28
Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски е задоволен од заклучоците на Комисија за случувањата од 24 декември. Смета дека истото ќе биде значајно за натамошниот тек на евроинтеграциите на земјава.
„Успешен заклучок на комисијата за ланските настани во Собранието на Република Македонија! Многу значаен чекор за македонското досие кон Европската унија”, стои во дипломатскиот дневник на шефот на македонската дипломатија.




