Македонија и Европската комисија се свесни дека на самитот во јуни Грција ќе стави вето за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, е заклучокот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и директорот на Директоратот за проширување на Унијата Стефано Санино, што се одржа во Брисел.
„Носењето на одлуката за почеток на преговори, за нас, е многу јасно, а и очекувањата на Комисијата се на иста линија. Извесно е дека Македонија долг временски период заслужува да ги почне преговорите и исто толку е извесно дека Република Грција не е подготвена за поддршка, а без нејзина поддршка, тоа не може да се случи”, рече министерот Попоски.