Посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на Македонија овој викенд не беше ненадејна туку израз на нормален дијалог, оцени денеска шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Значајно е дека климата на дискусија беше позитивна и дека се договоривме да се фокусираме на оние заеднички придобивки, а не да се обременуваме со определени препреки. Мислам дека тонот на дискусијата, пораките кои беа упатени одат во таа насока дека имаме интерес да градиме добрососедство.

За какви било решенија во однос на текст или соработка не би навлегувал додека не биде договорено од кој тип би била таа соработка. Мислам дека и во овој момент имаме исклучително конструктивна соработка со Република Бугарија и тоа беше споделено во комуникацијата, која ја имавме на премиерско ниво“, изјави Попоски