Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попоски: Македонија е пример за успех од многу аспекти

0
By Нова ТВ on December 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2013 14:04

Има силна дискрепанца меѓу брза и спора линија за пристапување кон Европската унија, како на политичко, така и на економско ниво, а искуството последните години покажа дека нема секогаш координација меѓу нив, пренесува МИА

Оваа порака на денешната дебата по повод 12-тата конференција “Западен Балкан: Брза и спора линија” во организација на невладините организации “Пријатели на Европа” и “Конрад Аденаур Штифтунг” ја испрати македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Попоски на дебатата на која присуствуваа и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак и други високи политичари од Унијата, им порача дека политички, од 2005 година Македонија има кандидатски статус и пет последователни години добива препораки од Европската комисија за почеток на преговорите за членство, што според македонскиот министер – не се случува поради недостаток на консензус.

– Во овој случај, тоа тогаш значи дека не сме на брза линија. Од друга страна, сериозни реформи кои се бараат од ЕУ-интеграциски процес, ако нема политички модел, Македонија е пример за успех од многу аспекти. Економските димензии со кои сите се преокупирани во Брисел во однос на долгот и макроекономската стабилност и покрај предизвиците со кои се соочуваме во регионот, Македонија ги исполнува и има стабилна валута, но и е земја што има еден од најниските јавни долгови, односно четврти најнизок јавен долг на ниво на Европа, посочи Попоски, додавајќи дека во тој дел земјата ги исполнува Мастришките критериуми.

Како дел од поголема слика, според него, Македонија има екстремно отворена економија, 40 проценти од БДП е од увоз и извоз, како и дека покрај Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија, Македонија има договор за слободна трговија и во рамки на земјите од ЕФТА и ЦЕФТА, како и со Турција и Украина.

– Затоа велам дека годиниве многу работи се случија. Некои реформи поврзани со ЕУ се природни, па ако немате ефикасно судство, тогаш тешко ќе привлечете инвеститори. За успешноста на Македонија во однос на можностите што како земја ги нуди за бизнис се индикаторите од рангирањето за “Дуинг бизнис” на Светската банка, каде од повеќе од 100 места пред неколку години, денеска Македонија се наоѓа на 25. место. Тоа не значи дека е задоволувачка позиција за нас оти има прашања со невработеност кои мора да ги решаваме на долг рок, посочи шефот на македонската дипломатија.

Според Попоски, сепак се потребни реформи во образованието, со цел да се има квалификувани личности на долг рок за индустриите, но потенцира дека земјите од Југоисточна Европа се движат кон ЕУ и кога сите ќе се приклучат, Унијата нема да биде иста како денес.

– Сите ние на идентичен начин се однесуваме кон реформите како и земјите-членки на Унијата, па дури и постигнуваме подобри реформи за прашања кои ние како европски пазар го постигнавме. Плус, нивото на помош на земјите кои веќе се приклучија на ЕУ последните години, сега е целосно различно. Сите имаме корист од структурните фондови за возови и аеродромска инфраструктура во рамки на Предпристапната помош (ИПА), а притоа се инсистира на добро владеење на правото и инфраструктурниот капацитет. Во моментов, повеќе европски компании бараат пазари во Африка и Северна Америка, а и енергетската мапа се менува оти како регион мора да се движиме кон целите оти сме сиромашен регион кој не лежи на гас и нафта па мора да бараме алтернативи, потенцира Попоски.

Во однос на тоа дали Македонија ќе биде на брза линија за пристапување кон ЕУ, според министерот зависи од индивидуалните перформанси. Тој посочи дека од 2000 година е формулирана т.н. Лисабонска стратегија и на тоа ниво работите се менуваат.

– Како брзо ќе достигнеме зависи и од земјите-членки, при што некои веќе се напред на тоа ниво, па затоа брза или спора линија е есенцијално прашање кое е зависно каква е испораката во клучни области за реформи. За Југоисточна Европа да се прошири како интегриран пазар ни требаат помалку опструкции за прекугранична соработка. Многумина коментираат дека Балканот е регион, кој продуцира повеќе историја отколку што може да поднесе, што е специфична ситуација во Европа. Но, сите ние сериозно ги земаме зборовите на комесарот за проширување Штефан Филе за фокусирање на реални реформи оти ниту една цел за ЕУ-стандарди и членство за десет години во Унијата нема смисла за сите нас, заклучи Попоски.

Во текот на утрешниот ден, шефот на македонската дипломатија во седиштето на НАТО ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки и контрибутори во операциите ширум светот на Алијансата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.