Иницијативата на претседателот Ѓорѓе Иванов за ефектуирање на пресудата од Хаг ја одразува фактичката состојба, но државниот врв е претпазлив во однос на следни чекори, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.
– Факт е дека се исполнети сите критериуми во тој правец. Во овој момент не би сакале да навлегуваме во тоа дали, како и што би можело да се случи, но се работи за една констатација која ја одразува состојбата на теренот, ја пренесува МИА изјавата на Попоски.
Тој денеска во Скопје ја започна серијата средби на претставниците на дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија со државниот врв.
Како што истакна Попоски, освен политичкиот ангажман, економската дипломатија ќе биде втора најзначајна област на која ќе се фокусираат македонските дипломати. Во тој контекст клучна тема ќе биде економската презентација, односно можностите за инвестирање во земјата, извозот и туризмот.




