Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, синоќа присуствуваше на работната вечера што високата претставничка за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон и шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата го одржа со министрите од државите-кандидати за членство во ЕУ.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на маргините на овој настан, министерот Попоски се сретнал и со својот грчки колега Евангелос Венизелос, кој потврдил дека идниот четврток (20. февруари) ќе дојде во Скопје.
Со бугарскиот министер Кристијан Вигенин се договориле Македонија и Бугарија заеднички да инсистираат Европската комисија да помогне финансиски во однос на поврзувањето преку Коридорот 8.
Инаку, според шефот на македонската дипломатија, главни теми на вечерата биле случувањата во Босна и Херцеговина и Источното и Јужното партнерство.




