Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попоски:Треба да постигнете гол, а голот е тргнат од теренот

0
By Нова ТВ on July 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со членството на Хрватска во ЕУ се потврди дека процесот на проширување продолжува, а воедно Македонија доби уште еден глас плус во Брисел.

Ова беше истакнато на денешната дебата „Пристапувањето на Хрватска во ЕУ – перспективите на македонско-хрватските односи“, што беше организирана од Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при македонското МНР, јавува МИА.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во воведното излагање истакна дека добивме голем сојузник, земја која го изодела истиот пат, имала слични предизвици и конечно стигнала до целта.

– За земјите од регионот значаен факт е што добивме еден глас плус. Во ЕУ ќе има една земја повеќе од регионов која ги разбира предизвиците тука, знае низ што минуваме бидејќи и самата минала по сличен пат. Тоа за Македонија може да биде само плус, рече Попоски.

-Во нашиот процес на проширување ние преминавме од еден систем во кој имате, во фудбалски жаргон, гол и треба да постигнете гол во систем во кој голот се поместува континуирано. Во нашиот случај во определни ситуации голот е тргнат од теренот и вие играте и не знаете на која страна ќе ви се појави следниот гол, рече Попоски.

Хрватскиот амбасадор во Македонија Златко Крамариќ истакна дека со членството во ЕУ Хрватска постигна една историска цел, која е во интерес не само за земјата туку за целиот регион и за Унијата. Согласен е дека Македонија доби пријател во Хрватска кој ќе направи се што е во негова моќ да и помогне на патот кон ЕУ.

Евроамбасадорот Аиво Орав рече дека и покрај евроскептицизмот, со пристапувањето на Хрватска во ЕУ како 28. земја-членка, се покажа дека нема замор во процесот на проширување, туку дека тоа продолжува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.