Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попов: Билатералните спорови треба да останат надвор од процесот на преговори

0
By Нова ТВ on December 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секоја сериозна држава треба да има унифициран став на позицијата и опозицијата за клучните прашања за иднината на државата. Досега за жал од страна на опозицијата не видовме став по ниту едно клучно прашање во ова смисла, така беше со Преспанскиот Договор, така беше со Референдумот, така е и за прашањето за односите со Бугарија, истакна во Топ Тема, државниот секретар во МНР Зоран Попов кој додаде дека ова е преважно прашање за дневно политичка пресметка.

-Чудно е што критичарите на значењето на АСНОМ, на придобивките од АСНОМ и НОБ, истите тие кои се оградуваа од Југославија како најцрн период во нашата историја, тие кои ги бришеа македонските херои од скопските улици и кој го оставија Сојузот на борците на улица, денес да ги бранат, вели Попов.

Околу именувањето на Бучковски за специјален претставник на земјава за Бугарија, Попов смета дека Бучковски како поранешен премиер има контакти со официјални лица во Софија и дека сетоа ова води кон релаксација на во последно време „вжештените односи“.

-Мислам дека тој е јасен показател и недвосмислен сигнал за сериозноста и посветеноста на нашата Влада во инвестирање на добрососедски односи со Р. Бугарија. Станува збор за поранешен премиер кој во време на својот мандат имал одлични односи со високите официјални лица на Р. Бугарија во тој период, и сметам дека позитивно ќе се одрази на една нормализација, релаксација на односните базирана на взаемна почит и разбирање, и од друга страна забрзана имплементација на Договорот за добрососедство и соработка, вели Попов.

Билатералните спорови да останат надвор од преговарачкиот процес

Значи, во новата Методологија усвоена во март едногласно од сите земји членки има јасна референца дека, билатералните спорови треба да останат надвор од процесот на преговори. Ризикуваме новата Методологија да биде прекршена уште пред да почне да се применува. Таа референца во Методологијата не е случајна, тоа е напишана врз основа на научени лекции во просецот на пристапување досега, од споровите помеѓу Италија и Словенија, меѓу Словенија и Хрватска, па и ако сакате меѓу Р. Грција и Р. Северна Македонија. Повторувам, став на ЕУ, да бидат решени сите спорови до крајот на преговорите. Значи, не може да влезе земја членка доколку има билатерален спор. Ние зборуваме за почеток на преговори. И уште еднаш, доколку блокадата на Бугарија опстои, ова ќе биде преседан и прекршување на новата Методологија уште пред да почне да се применува, вели Зоран Попов, државен секретар во МНР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.