Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповски: Ќе постоиш само ако твоето постоење им користи на најмоќните

0
By Zoran Ivanov on January 17, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 17, 2026 14:29

Ние но и другите членки на НАТО од регионов, сме полезни за САД бидејќи придонесуваме кон стабилноста на југоисточното крило на НАТО и кон намалување на ризикот од регионални кризи што би барале директно американско ангажирање. Поради тоа сме сеуште безбедносно релевантен, иако не и централeн партнер.

 Тони Поповски

„Ќе постоиш само ако твоето постоење им користи на најмоќните“ е во суштина реалистична теза за меѓународната политика во моментов.

Малите држави остануваат политички „одржливи“ (заштитени, поддржани, интегрирани, финансирани или барем оставени на мир) кога нивната стабилност им користи на посилните актери. Кога тоа не е случај, тие често стануваат средство за притисок, предмет на трговија или геополитички пион.

Оваа теза ѝ припаѓа на долгата традиција на „реалистичкото политичко мислење“. Слични формулации или суштински исти ставови може да се најдат кај Тукидид (5 век п.н.е.), Николо Макијавели (1469–1527) кој во „Владетелот“ тврди дека „Државите опстојуваат преку моќ, претпазливост и корисност за посилните сојузници“, Ото фон Бизмарк (1815–1898) – „Опстанокот на државите зависи од интересите, а не од чувствата“, и Ханс Моргентау (1904–1980) кој во „Политика меѓу нациите“ вели дека „Државите дејствуваат според национален интерес дефиниран преку моќ, а малите држави опстојуваат кога нивното постоење се совпаѓа со интересите на посилните.“

Применета на Македонија денес, оваа теза е помалку прашање на буквално „постоење“, а повеќе прашање на квалитетот на суверенитетот: безбедносни гаранции, економски пристап, раст и развој, дипломатски простор за маневрирање и дали државата се третира како партнер или како „досие“ во туѓа агенда.

Неколку збора за нашата „полезност“ за моќните актери.

За ЕУ и НАТО, основната „вредност“ на Северна Македонија како демократија и членка на НАТО, а воедно и држава кандидат за зачленување во ЕУ, е што реално го намалува ризикот од безбедносен вакум во историски многу ранлив регион како Западниот Балкан. Како членка на НАТО, државата е вградена во безбедносна архитектура која Алијансата сака да ја одржи континуирана низ Југоисточна Европа. Додека Западен Балкан останува зона на геостратешка конкуренција и ризик од прелевање на кризи, стабилноста на Северна Македонија сеуште има инструментална вредност за НАТО (или барем за мнозинството членки на Алијансата)

Особено по агресијата на Русија врз Украина, институциите на ЕУ го истакнуваат проширувањето како геополитичка алатка. Во таа рамка, но и во регионален безбедносен контекст, напредокот (или застојот) на Македонија не е само македонска приказна, туку е и регионален, но и поширок предизвик. За жал, таа геополитичка логика се судира со спротивна сила: внатрешната политика на вета во рамките на ЕУ и „билатерализација“ на условите за членство – не само по однос на Македонија, туку можеби најмногу во моментов по однос на перспективата за брзо зачленување на Украина. Затоа, претпоставка е дека ќе се зголеми притисокот за надминување на пречките поврзани со украинското и македонското досие, најмногу поради потенцијалот за создавање сериозни геостратешки последици за НАТО и ЕУ, односно –  добивки за геополитичката конкуренција.

Поврзано со САД, иако не сме експлицитно спомнати во неодамна објавената Национална сигурносна стратегија на САД, нашата „полезност“ треба да се анализира низ призма на „пристапот втемелен на интерес“ кој во примена значи дека барем овој Претседател и администрација на САД се фокусираат на области – региони, и партнери што најдиректно придонесуваат за безбедноста, економската конкурентност и геополитичката позиција на САД. Притоа, иако Балканот не е во центарот на вниманието, не е ниту игнориран, односно вниманието очигледно е условено со степенот на измерлива полза за САД. Барем во моментов ние но и другите членки на НАТО од регионов, сме полезни за САД бидејќи придонесуваме кон стабилноста на југоисточното крило на НАТО и кон намалување на ризикот од регионални кризи што би барале директно американско ангажирање. Поради тоа сме сеуште безбедносно релевантен, иако не и централeн партнер. Бидејќи овој однос е примарно обусловен со квалитетот на сојузништвото во Алијансата, во моментов тестирано со темата „Грендланд“, поверојатно е дека продуктивноста и меѓусебната полза од нашиот однос со САД ќе остане примарно обусловена со квалитетот на односите на САД со сојузниците во НАТО, а потоа и со ЕУ.  Во овој контекст, и покрај еманципирањето на темата за „поделба на сфери на влијание“ во Националната сигурносна стратегија на САД, претпоставка е дека САД сепак имаат интерес, Западен Балкан да не стане простор за длабоко руско или кинеско влијание, односно да ги третира како полезни партнери земјите како Македонија, што се стабилни, демократски и прозападно ориентирани и како такви помалку „заробливи“ од Истокот. Затоа, реформската траекторија и евроатлантската ориентација на Северна Македонија и во моментов ја зголемуваат нејзината вредност за Вашингтон. Што се однесува до нашата економска димензија, од аспект на полезност таа е терцијарна, но не и небитна. Иако не сме меѓу позначајните економски партнери за САД, ние сме дел од поширок западен економски простор.

Од друга страна, за Русија, целиот Западен Балкан е корисна арена за дестабилизација, поларизација и операции за влијание. Колку е пофрагментиран и покорумпиран регионот, толку е полесно да се поткопа довербата во евроатлантските интеграции и институции. За разлика од Русија, пристапот на Кина е примарно насочен кон олеснување на трговијата низ регионов, изградба и одржување на поврзана инфраструктура и позитивни политички односи. Сепак, сега но и на подолг рок за Западниот Балкан, и структурно, ЕУ ќе остане доминантното економско сидро.

Може да се заклучи, дека барем во моментов ние, но и нашите непосредни соседи и другите држави кои се членки на НАТО од регионот на ЗБ и ЈИЕ, сме „геополитички одржливи“ (во смисла на заштита од дестабилизација) првенствено бидејќи придонесуваме за поширока стабилност и намалување на безбедносни ризици. Особено ние, како мала држава со ограничена структурна моќ, но и нашите непосредни соседи, би продолжиле да имаме полза доколку сме сигурни сојузници со усогласена надворешна и безбедносна политика, партнери со низок ризик (владеење на правото, предвидливи институции, контрола на корупцијата), и регионални интегратори (трговија, поврзување, и управување со ризици низ заедничка деескалација на спорови).

 

колумна Тони Поповски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.