Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповски: Власта не мора баш толку многу да остварува

0
By Нова ТВ on July 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 4, 2013 13:08


Вечерва во 20 часот на платформата од ГТЦ кон паркот „Жена борец“ ќе се одржи четвртиот по ред настан под мотото „Го сакам ГТЦ“ по втор пат во обликот ГТЦ Форум.

Досега како говорник на ГТЦ ФОРУМ е најавен режисерот Александар Поповски, внук на архитектот на ГТЦ, Живко Поповски.

„Мислам дека се греши со уништувањето на различноста по секоја цена. Власта не мора баш толку многу да остварува. ГТЦ е белег на едно време. Тоа е како мене да ми кажете ќе ти ја прережирам претставата малку по класично. Зошто? Направете си нова претстава“, изјави Поповски во интевју за НОВА, кое ќе можете да го проследите 18 часот.

Во текот на денот на Facebook страницата на Асоцијација на архитекти на Македонија ќе се обновува листата на потврдени учесници. Како и претходниот пат, во дискусијата слободно ќе можат да се вклучат и сите граѓани кои сметаат дека за овој проблем треба да се разговара јавно.

На овој собир ќе продолжат стандардните активности:
• собирање потписи за петицијата за зачувување на ГТЦ во неговата автентична физичка состојба;
• пишување мислења за самиот ГТЦ: „Зошто го сакам ГТЦ?;
• пишување пораки, идеи и препораки до архитектите на новата псевдоисториска фасада и до управата на ГТЦ;

Дополнително, ќе бидат јавно прочитани отворените писма до надлежните и ќе биде изложена и отворена за дискусија измената и дополната на Деталниот урбанистички план за Мал ринг од декември 2012г.

„Трансформацијата и еволуцијата на градот се логични и неизбежни, но ретко носат вакви проверени позитивни примери како Градскиот трговски центар кои создале нова вредност, но истовремено го испочитувале постојното. Било какви измени на вака важни објекти за историјата, културата, за функционирањето на еден град, треба да се прават многу внимателно без да се наруши основниот концепт на авторот и со задржување на неговите суштински вредности. Имаме историска обврска да реагираме“, велат од Асоцијација на архитекти на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.