Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поповски за ЦИВИЛ МЕДИА: Политичките средби се дел од еден европски мозаик

0
By Marija Todorovska on January 19, 2024 ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 19, 2024 16:05

Главниот уредник на Независен.мк смета дека средбите и настаните со национално, регионално и меѓународно значење во овој период го означуваат почетокот на политичката разврска што ќе почне уште со изборот на техничката влада. Во изјавата за ЦИВИЛ МЕДИА, Поповски, зборува за средбите Ковачевски-Заев-Ахмети, како и за средбата на секретарите на СДСМ, Зечевиќ и Маричиќ, со своите колеги од Самоопределување во Приштина, се дел од еден европски мозаик.

„Сите овие настани го означуваат поставувањето на политичките елементи на мизансценот пред разврската што ќе почне да се одвива уште со изборот на техничката влада. Разговорите на Зечевиќ и Маричиќ со колегите од Самоопределување во Приштина е едно од поспецифичните политички изненадувања во последно време. Има повеќе прашалници отколку одговори зошто дојде до оваа средба и што се разговарало на неа“, констатира Поповски во изјавата за ЦИВИЛ МЕДИА.

Тој потсети дека сегашниот коалициски партнер во владата, ДУИ, јасно се изјасни дека учеството на претставници на партијата на Албин Курти ќе значи своевидно мешање во политичките работи на Македонија. ДУИ и СДСМ се во разговори со СДСМ за заеднички настап на изборите.

„ДУИ јасно се изјасни дека учеството на претставници на партијата на Албин Курти ќе значи своевидно мешање во политичките работи на Македонија. ДУИ и СДСМ се во разговори со СДСМ за заеднички настап на изборите“, вели Поповски.

Главниот уредник на угледниот Независен.мк смета дека, иако изгледа дека средбите во Скопје и Приштина се спротивставени, сепак, тие можеби и не се.

„Во исто време, Ахмети, Заев и Ковачевски се на заеднички маратонски ручек за подготвување на стратегијата за изборите. Така, навидум, двете овие средби се спротивставени. Но може да излезе на крајот дека не се. Особено што овие денови во САД е тројката Меџити, Касами и Гаши, заедно со македонскиот човек на Курти, Ќоку, така што не би изненадило дека целата оваа активност е обид да се склопи еден, условно да го наречеме, европски мозаик“, анализира Поповски.

Разбирливо, посетата на високиот американски дипломат, Џејмс О’Брајан, предизвикува силно внимание во македонската политичка јавност. Поповски ја коментира најавената посета, втора за кратко време, доведувајќи ги во врска и најавените регионални и меѓународни настани во Скопје, но и дека не треба да се негуваат преголеми очекувања, а објаснува и зошто.

„Многу се зборува за посетата на американскиот дипломат Џејмс О’Брајан во Скопје на почетокот од идната недела. Можеби не треба да се поврзуваат големи очекувања од неговиот престој во Скопје. Со што побрзо да се занимава тој – со самата агенда на регионалниот собир, поврзан со Планот за раст на ЕУ, со односите меѓу Србија и Косово, или наводното собирање на едно купче на сите албански партии пред изборите во Македонија“, изјави Поповски за ЦИВИЛ МЕДИА.

Според Поповски, позитивни сигнали има и од средбата на Вучиќ со О’Брајан во Давос.

„Вучиќ се сретна со О’Брајан во Давос (наводно, двајцата исцрпно разговарале за време на вечерна прошетка по улиците на швајцарскиот град), но тоа е само дел од комуникацијата што српскиот претседател ја има со Вашингтон по контроверзните избори во Србија. Да не заборавиме, веднаш по изборите, Србија ги призна косовските регистерски таблички, што е еден од елементите на попуштање на Белград во спорот со Приштина. Сега сличен гест треба да следи од Приштина“, вели Поповски.

Тој нагласи дека неблагодарно и преурането би било да се оценува што од агендата на О’Брајан ќе се исполни.

„О’Брајан има цела агенда работи за време на престојот во Скопје. Неблагодарно и преурането би било да оценуваме што од таа агенда ќе се исполни. Но нешто веројатно ќе се стави во некаква американска и европска рамка. Останува да видиме колку тоа ќе биде поврзано со изборите во Македонија“, изјави Поповски за ЦИВИЛ МЕДИА.

Самитот „Западен Балкан и ЕУ“ и лидерската средба за планот за раст за Западен Балкан се одржуваат во Скопје, на 20 и 21 јануари. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Џ. Д. / Цивил Медиа

Западен Балкан и ЕУ Поповски ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.