Челниците на една белградска школа на нивните ѕидови истакнаа натпис дека во сабота нема да работат поради најавената Парада на гордоста.
„Поради најавената ситуација во центарот на градот, школата нема да работи во сабота 28.09“, гласи натписот.
Имено во моментов, Бирото за координација на службите за безбедност сеуште расправаат за одлуката дали ќе биде одобрен настанот „Парада на гордоста“. На седницата присуствува и премиерот на Србија, Ивица Дачиќ.
По објавувањето на организаторите на датумот на Парадата, најавени се и повеќе собири на друштва или организации кои ќе протестираат за одржувањето на таквиот настан.