Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се извинија за навредите во „бомбите“, Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина во „Титаник“

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Протуѓер, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и уште пет други обвинети преземаа одговорност во дел од обвиненијата во случајот „Титаник“ и признаа вина на новиот почеток на судењето.

Станува збор за судски процес кој се однесува на обвинение за сторени кривични дела поврзани со изборни нерегуларности, а кој почнува од почеток поради смена на поротник.

На новото отпочнување на главната расправа Мартин Протуѓер изјавил дека по однос на дел од обвинението презема одговорност од морален аспект, а поранешната министерка Гордана Јанкулоска која издржува затворска казна исто така признала вина.

Таа, во својот исказ пред судот рекла дека по однос на обвинението кое е во правна сила повеќе од четири години, постапката не треба да се води затоа што екс претседателот Ѓорѓе Иванов, во времето донесе одлуки за помилување и ослободување од кривично гонење.

– Тоа се серија одлуки објавени во Службен весник. Сепак, по однос на наводите на обвинението имајќи предвид дека оваа постапка, сепак се води, сакам да наведам дека лично сметам дека одговорноста треба да се преземе и во таа смисла, по однос на наводите во ова обвинение се изјаснувам како виновна, рече Јанкулоска, пренесе А1 он.

И поранешниот министер Миле Јанакиески признал вина, но и според него поради помилувањето од поранешниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов не требало да се води овој судски процес.

– Признавам вина за дел од кривичните дела кои ми се ставаат на товар. Во однос на делата чувствувам морална вина и затоа се произнесов за виновен. Тоа е мое лично чувство и се однесува на мене и моите позиции. Чувствувам потреба да преземам одговорност и да демонстрирам морален чин. Ја користам приликата да упатам извинување до сите оние кои на било кој начин биле навредени и повредени слушајќи ги т.н бомби. Се надевам дека ова ќе биде поттик во иднина кој би предизвикал промени. За останатиот дел од обвинението, не се чувствувам виновен, рече Јанакиески.

Поранешниот пратеник Илија Димовски рече дека не е виновен за делата за кои е обвинет затоа што никогаш претходно не извршувал функција претседател, генерален секретар, шеф на изборен штаб и  со оглед на тоа дека бил хиерархиски подреден и не собирал финансиски средства, а е обвинет за такво дело.

 И Билјана Бришковска, поранешна заменичка за правда на новиот почеток од постапката за „Титаник”, посочи дека презема одговорност.

– Истакнувам дека прифаќам одговорност и тоа го правам од човечки, професионален и одговорен аспект, но и од аспект на позициите кои сум ги извршувала. Како човек со интегритет и вредности во кои верувам и се залагам, би сакала од аспект на позициите кои што сум ги обавувала да покажам дека треба и мора да се почитува правната држава и дека за тоа секогаш ќе се залагам. Нека овој гест биде пример дека човек мора да опстои на принципите во кои верува прифаќајќи одговорност кон правдата. државата, народот, соработниците и колегите“, рече Бришковска.

Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, а обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

 

„Титаник“ Јанакиески мартин протуѓер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.