Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поранешни новинари на А1 телевизија сведочеа за аферета „Списоци“ од 2011 на судењето за „Титаник“

0
By Нова ТВ on January 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младен Чадиковски, како главен и одговорен уредник на Телевизија А1 во 2011 година некое време пред изборите добил списоци со имиња на луѓе, (дел од нив функционери, дел од гласачи) на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го кажа сведокот Чадиковски, во случајот „Титаник“, каде додаде дека откако изворот им ги доставил списоците заедно со колешките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска одржале колегиум каде е одлучено да се истражи новинарски аферата „Списоци“.

– Почнавме да истражуважме, не сакавме само така да ги објавиме документите. Материјалите ги снимавме тонски преку телефон. Се јавуваме на луѓе на списоците, се преставувавме како дел од Центарот за комуникаци на ВМРО-ДПМНЕ и одговорите беа во насока што ги пишуваше во списоците, изјави Чадиковски.

Тој воедно во својот исказ додаде дека тие материјали ги доставиле за процесирање во ЈО, но дека тој не бил повикан да даде исказ. На прашање на обвинетата Гордана Јанкулоска, дали во списоците бил некој од обвинетите, сведокот Чадиковски, рече дека не.

Сведокот Сашка Цветковска, во својот исказ се задржа во содржината и профилот на лицата кој биле дел од списоците.

– Списоците содржеа податоци, од генералии, телефонски броеви и избирачки места каде што треба да гласат. Тие беа лица што благодарение на државниот апарат добивале работни позиции. Бидејќи добивале привилеги од партијата тие имале обврска да донесат 15 или 30 гласови зависно во која позиција се вработени во институциите. Најчесто стануваше збор за раководни лица, изјави сведокот Цветковска. Дел од списоците како што наведе таа биле и од лица од едукативните и здравствените институции.

Според обвинението за случајот „Титаник“ како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.